СЈО до Судот идната недела ќе достави нови обвинителни акти

СЈО  до Судот идната недела  ќе достави нови обвинителни акти.

 |  Валентина Неловска  | 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од Охрид порача дека поголемиот дел од истрагите што се спроведени од СЈО очекува да завршат со обвиненија. Таа истакна дека за некои лица ќе се поднесе обвинителн акт , а за други ќе има запирање на истрагата и отфрлање на обвиненијата. Идната недела ќе бидат донесени јавни обвинителни одлуки, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Изрази уверување дека Судот ќе покаже интерес за доказите на СЈО и основите врз кои се поднесени обвиненијата. Очекува Судот да ги поддржи и потврди обвиненијата, со цел истите да најдат судска разрешница.

„ Се надевам дека Судот ќе обрне внимание на нашите докази кои ги поднесуваме обвиненијата ќе ги потврди и да одиме на Суд. Таму е местото за да ги вкрстиме нашите аргументи со обвинетите и одбраната“, рече Јанева.
Рокот на СЈО истекува на крајот на овој месец, па Јанева очекува објавување на обвинителни акти пред истекот. Јанева појасни дека со нив се опфатени граѓани на Република Македонија, меѓу кои има и високи функционери но и добро познати лица на јавноста прислушкувани во периодот од 2008 до 2015 година.

„ Мандатот на СЈО е четири години , но со право на продолжување една година за обвинителите. Ние имаме мандат и ќе работиме на нашата мисија да се обработат сите материјали. Што се доенсуав до рокот за поденсувањ ена обвинителни акти е дискутабилен, но се арзговара и верувам дека ќе се најде решение во најбрз можен рок. Во иднина ќе се отворат истраги и за другите прислушкувани разговри“, рече Јанева.

Специјалната јавна обвинителка истакна дека досега од доставените прислушкувани материјали се обработени 45 посто, а 12 проценти од нив се напишани. Останатите 55 проценти воопшто не се обработувани, а тој материјал ќе се работи после 15 септември, најави Јанева.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top