Финансиската инјекција е добредојдена бидејќи сите се соочуваат со финансиски потешкотии во време на пандемијата. Карантинот и законските уредби на Владата кои беа на сила во пролетните месеци беа причина јавните претпријатија да продуцираат финансиски загуби. Не можеа да наплаќаат доспеани сметки и тужби, а имаа поголеми трошоци во тековната работа.
Шест охридски јавни претпријатија ќе добијат финансиска поддршка од државата меѓу 89те од земјава. 144 милиони денари ќе им бидат поделени на членките на АДКОМ, Здружението на даватели на комунални услуги на Македонија, според бројот на вработените, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
„Голем финансиски товар ни наметна неколкумесечниот каранти во пролетните месеци. За тие месеци со одлука на општина Охрид , ЈП Охридски комуанелц не беше во можност да фактурира износи за извршени услуги кон правни и физички лица кои не функционираа заради карантинот ккао што беа рестораните, хотелите, теретаните, градинките, училиштата. Претрпевме загуба од 2 до 2,5 милиони денари месечно што е голема сума“ .
Одлуката за финансиска помош е добредојдена за сите претпријатија. Тоа ќе не врати во финансиска кондиција бидејќи се соочивме со потешкотии во работењето во време на пандемијата, укажува Грданоски.
„Пандемијата ги погоди сите Јавни претпријатија од градот. Јас како директор на ЈП „Охридски Комуналец“ морам да кажам дека она што го имаме како намален износ на фактурирање не значи дека имаме и намален обем на работа. Напротив од самиот почеток на пандемијата сме ангажирани и задолжени за дезинфекција на улици, станбени објекти, трошоците во работењето не се намалени туку зголемени, а приходите беа драстично намалени.“
Финансиски проблеми предизвика и не можноста ЈП да ги наплаќаат побарувањата по судски пат. На сила беше и уредбата на Влада да нема побарувања на средства по тужбен пат што се одрази негативно врз наплатата на побарувањата од правните и физичките лица, вели Грдансоки.
Иницијативата за владината фининсиска поддршка е на АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги на Република Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град