Шест апликации чекаат на одобрување грантови за покренување на сопствени бизнис

Делегацијата на Европската комисија треба да даде зелено светло дали ќе ги одобри проектите од регионов до крај на овој месец. Проектите се однесуваат на најразлични дејности.

 |  Валентина Неловска  | 

До крајот на јануари Делегацијата на ЕУ треба да го финализира процесот за избор на најдобри апликации поднесени на повикот преку Иновацискиот хаб за југозападниот регион. Татјана Мишова, научен соработник за врски од охридскиот Иновациски хаб, информира дека нивната улога е посредување во изработката и поднесувањето на апликациите за користење на грантови за покренување на сопствени бизнис компании, спин оф компании или самовработување.

„Постои интерес за иновации од млади луѓе од регионот на Охрид и Струга. Шест апликации   чекаат на одобрување на средства од Делегацијата на ЕК “, напоменува Мишова.

Одобрените проекти ќе бидат финансирани со грантови во висина од над 6000 евра. Целта на проектите и формирањето на Иновацискиот хаб е да се развива економијата, да се спречи емиграцијата и одливот на мозоци, подвлекува Мишова.

„Иновациите се најмногу насочени кон развивање на нови апликации за маркетинг платформи , изработка на апликации за рути за велосипедски патеки, одгледување на растенија и слично. Проектите се од повеќе области“, кажува Мишова.

Наскоро, треба да излезе и новиот повик за поднесување на проекти и нови апликации за 2020 година. Инаку, Иновацискиот хаб врши информирање на јавноста, административна поддршка и помош при изработка на проектите за самовработување,старт ап и спин  оф  компании во Југозападниот плански регион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top