Сергеј Цингулоски со истовремени изложби во три градови

Утревечер, охридскиот уметник Сергеј Цингулоски, ќе има три изложби на негови скулптури.

 |  Валентина Неловска  | 
cinguloski
cinguloski

Утревечер, охридскиот уметник Сергеј Цингулоски, ќе има три изложби на негови скулптури. Во 21 часот истовремено ќе бидат отворени  три изложби во три различни градови во Македонија. Скулпторот ќе ги презентира  неговите препознатливи дела во Музејот на Робевци Охрид, Кино Карпош во Скопје и Домот на култура во Св. Николе. Изложбите  ќе бидат пропратени и со видео арт  од неговата последна изложба „Јагула“, замисла  на режисерот Венцислав Војдиноски. Цингулоски изложбите ги посветува токму на неговиот прерано починат пријател режисерот Венцислав Војданоски Венци .

izlozba

„Ние со Венци соработувавме со години, со артови и со снимања, на повеќе проекти. Неговите  идеи и ненаметливо однесување беа  спонтани,  се работеше  за уметноста  без материјална надохнада. Ова  е најмалку што можам да му се одолжам за неговиот вложен уметнички труд, тој беше и ПР и режисер на некои мои проекти“, нагласува Цингулоски.

izlozbaИзложбите насловени како „Помеѓу ѓаволот и длабокото море“ се продажни и имаат хуманитарен карактер. Дел од средствата ќе бидат наманети за СОС Детското село, во Скопје. 90 скулптури ќе бидат изложени во трите градови по триесет во секој, создавани во изминативе 2 години.
„Основата на секое парче е дел од јагулата, која ја работев  пред две години, но сите скулптури се различни и уникатни,  се импресивни, а верувам дека  ќе им се допаднат на љубителите на уметноста“, вели скулпторот.

Сергеј Цингулоски досега имал седум изложби 4 во Охрид, две во Скопје и една во Херцег Нови, Црна Гора.  Последното негово претставување пред охридската јавноста, со кое предизвика силно внимание надвор и од земјата, беше најдолгата скулптура во светот, 170 метарска „Јагула“ која беше изложена на 50-тото  јубилејно „Охридско лето“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top