„Чувајте го Охрид чист“ повикува семејството Холмс од Англија.
„Чувајте го Охрид чист“ е повикот на семејството Холмс од Англија до пријателите на градот. Овој апел го упатуваат разочарани од расфрланиот смет и немарниот однос на македонците кон околината. Невил и Лилјана од Лондон воодушевени од убавините на Охрид, решиле да купат стан во населбата Рача. Пред една недела Холмсови заедно со нивните деца го исчистиле спортското игралиште од расфрланото ѓубре кое е во непосредбна близина на нивниот стан. Една недела подоцна тоа повторно било покриено со отпадоци.
„Кога работи школото постои контејнер, а сега школото е затворено и контејнерот не е донесен. Луѓето од селото носат ѓубре каде што бил контејнерот претходно. Ние не можеме да го собереме и тоа ѓубрето туку тоа треба да го прави Комуналец. Приметуваме дека нема доволно контејнери, истот се случува и на плажите. Ставивме натпис „И пикавците се ѓубре, Ве молиме користете пепелници“, раскажува Лилјана Петровска Холмс.
Невил и Лилјана разговарале со децата кои играат тука напишале дури и оглас со порака до корисниците на спортскиот терен да внимаваат каде го фрлаат отпадот. Во меѓувреме на интернет регистрирале и сајт „Пријатели на Охрид“ за да влијаат врз подигањето на јавната свест кај луѓето. Невил кој не го крие восхитот кон Охрид и езерото, но и разочарувањето од расфрланото ѓубре, прави паралела како англичаните се однесуваат кон животната средина.
„ Во Англија луѓето знаат дека е погрешно да се фрла ѓубре во околината. Кога имате ѓубре ќе го ставите одговорно во контејнер. Вие имате прекрасен град и треба да го чувате чист. Ве молам научете ѓубрето да го одложувате како што тоа го правиме ние во Англија и одржувајте го Охрид како што и е, убаво место“, замолува Невил Холмс.
Од ЈП Комуналец кажуваат дека во населбата Рача го подигаат сметот два пати во неделата. Појаснуваат дека контејнерот во школскиот двор го поставуваат со почетокот на учебната година и тој не служи за фрлање на отпадоци за жителите. Секој инвеститор на зграда мора да набави и контејнер кој чини 500 денари, информира директорот Сашо Алче.
За решавање на проблемот со хигиената во Рача, Алче укажува на примерот со туристичките населби Пештани, Лагадин и Елешец каде што полицијата го решила овој проблем спороведувајќи го Законот за јавна чистота. Директорот на ЈП Комунално смета дека најпрво со опомени комуналните инспектори и полицијата може да делуваат на граѓанската свест и кај жителите на оваа населба.
И додека кај нашите граѓани не проработи еколошката свеста, многу тешко е да им се објасни на странците зошто македонците не внимаваат на хигиената надвор од своите домови кога и природата е нивен дом.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град