Се зголемува купувањето on line преку интернет ама растат и измамите на купувачите


Од ОПМ предупредуваат пред да се нарача производот да се провери  дали е фирмата  регистрирана. Пред подигањето на производот да се побара и фактура или сметка за нарачаниот производ. 

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓаните се почесто избираат да купуваат производи on line преку интернет, нагласуваат од ОПМ. Ваквиот начин на купување заштедува време и пари, нема физичка комуникација што е добро во услови на пандемијата со Ковид 19 ама има и многу неправилности. Паралелно со овој современ начин на купување во пораст се измамите кон купувачите, според анализите на ОПМ, вели Катерина Павлоска од охридското Советодавно биро. Граѓаните  јавуваат дека при on line трансакцијата продавачите не го испочитувалe рокот на испораката на прозиводот или за купениот прозивод не доставиле фискална сметка или фактура .

„За жал дури 6о проценти од потрошувачите кои купиле на интернет се соочиле со некаков проблем. Најчесто добиваат неквалитетен производ кој не одговара на квалитетот понуден преку интернет“.

Павлоска предупредува, купувачите пред да нарачаат производ преку интернет да внимаваат и да проверуваат дали е фирмата регистрирана во Централен регистер. Задолжително да побараат за купениот производ фактура или сметка во спротивно не можат да ги остварат потрошувачките права.

„Има трговци кои имаат лажни профили, немаат фирма, не плаќаат данок и не издаваат фискални сметки. Таквите физички лица, трговци веднаш да се пријават до МВР каде што има одделение за компјутерски криминал. Тие се надлежни за да ги откријат измамите за да не бидат и други потрошувачи измамени. Има пријави и за такви случаи и веднаш се препратени во МВР“.

Анализите на светско ниво покажуваат дека он лине трговијата се уште важи за небезбедно продавање и потрошувачите се изманипулирани, вели Павлсока. Таа поочува дека пријави за купени неквалитетни прехранбени продукти, детски играчки, козметички препарати или услуги може да се пријавуваат и директно до Агенцијата за храна и ветеринарство и со Државниот здравствен и санитарен инспекторат на бесплатни телефонски линии. Од охридското Советодавно биро на ОПМ споделуваат дека во остварување на потрошувачките права со измамени купувачи имаат одлична соработка со Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат. Охридскиот пазарен инспекторат е високо рангиран во ОПМ за најажурна институција при решавање на проблемите на купувачите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top