Се повлекува водата од поплавените домови во повеќе делови на Охрид

Се повлекува водата од поплавените домови во повеќе делови на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
poplava

Водата во поголем дел од поплавените домови на улиците  Железничка и Стив Наумов се повлекува. Обилните дождови кои саботата го погодија Охрид напрaвиja штетa во повеќе домови , но состoјбатa од вчера е стaвена под контрола. Домот на Сенaд Хусеин од улицaта Стив Наумов по интервенција на надлежните е расчистена.

„ Имавме големи поплави за кус временски период дојдоа цистерни и механизација и денес поплавите се санирани. Има штети но се надеваме дека ќе бидат решени“, вели Хусеин.  

поплавиДенес во обиколка на поплавените домови и текот на  расчистувањето на речните  корита и канали на  разни делови од градот го следеа  градоначалникот Никола Бакрачески и Министерот за транспорт и врски Владо Мисајлоски. Обaјцата ја истакнаа  добрата координираност во расчистувањето на критичните поплавени места.

„ Во текот на вчерашниот ден и денес  екипите беа максимално ангажирани  и во човечки ресурси и во мехнаизација. Се работеше на речните корита, дренажните канали и одводи околу Железничка која беше најзагрозена од поплавите.Се копаа и дополнителни одводи со цел водата  да се повлече посебно од населените места“, рече Бакрачески.

Се работело на чистење на  каналите на Коселска река, на каналот кај Аџи Мустафа и кај кланицата. Во меѓувреме се санирани и свлечиштата и одроните  кај Пештани, Елешец и Елшани, Горно и Долно Лакочереј. Министерот  Мисајлоски кажа дека помош на охридската  локална самоуправа и е испратена од град Скопје.

poplavi„ Доста проблеми имаше во механизацијата. Имаше недосток од механизација. За 12 часа 95 посто од критичните места сите штети се надминати.  Денес  механизација пристигна од Скопје, од Водовод, од општинските јавни претпријатија. Од Македонија пат помогнаа во расчистување на свлечиштата и приватни компании за да се надминат проблемите“, кажа Мисајлоски.

Министерот напомена дека  Владата одобрила за расчистување на речните  корита во земјава 700 литри нафта.Расчистувањето на речните канали ќе се прави во текот на целиот месец.

Досега во Охрид се евидентирани  37 домаќинства погодени од  поплавите. Формирана е општинска комисија која ќе ги направи проценките  на штетите, по што ќе следува донесување на одлука за обештетување на граѓаните  погодени од поплавите.   
   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top