Ќе се набави возило и медицинска опрема, а ќе се изготви веб платформа. Во неа ќе има информации за здравствена состојба на граѓаните, а ќе ја имаат давателите на медицински улуги. Станува збор за проектот Cross4all од Ипа програмата за прекугранична соработка на земјава и Грција.
Со проeктот Cross4all Општина Охрид ќе ја подобрува достапноста до здравствените услиги за ранливата категорија сограѓани. Целта на овој проект е интегрирање на здравствените услуги за стари лица и деца во медицинските установи. Со проектните активности се олеснува меѓусебната соработка помеѓу здравствените работници и ранливите категории на граѓани, информира Ѓорѓи Трпески соработник во ЛЕР. За да се олесни функционирањето на медицинските тимови се подготвува платформа со база на податоци за здравствената состојба на ранливата категорија граѓани, појаснува Трпески.
„ Формирањето на платформата со дата на податоци почнувајќи од денталната до целата здравствена состојба на граѓанинот ќе ја има на едно место. Во исто време давателите на медицински услуги ќе добијат целосна слика за здравствената состојба на граѓанинот во моментот“, посочува Трпески.
Покрај изготвувањето на он лине веб платформата со информации за нивната здравствена состојба за мобилните медицински единици ќе се набави возило и медицинска опрема. Во рамки на проектот ќе биде спроведена и анкета за испитување на јавно мислење за квалитетот на здравствените услуги во општината и пооддалечените места.
„За потребите на граѓаните да се изјаснат што им е потребно и да ги изнесат проблемите во здравството ќе ни дадат реална сликакаде да се оринтираме во овие насоки “, напоменува Трпески.
Во проектот се опфатени сите медицински установи во Охрид. Станува збор за проектот Cross4all од Ипа програмата за прекугранична соработка на земјава и Грција за која се обезбедени над 1 милион евра, а за општина Охрид се предвидени 142.000 евра. Проектни партнери се покрај општина Охрид и општината Неаполис од Грција, како и два универзитети од двете земји.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град