Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци

Сместувањето ќе биде со редуциран број станари во собите според протоколите за работа. Има услови за работа и слободни места и во двата објекти, студенскиот дом Никола Карев и во ученичкиот интернат Ванчо Питошески.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци. Според протоколите може да се сместат редуциран број станари во собите на двата сметувачки објекти. Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ има услови за да го спроведе протоколот за сместување на студентите, информира Жарко Куциноски директор на домот. Сите соби во студенскиот дом се со 3 и 4 кревети и може да се сместат најмногу по две лица. Во домот има сеуште слободни места за уште 80 студенти.

Во нашиот студенски дом имаме сместувачки капацитет за 160 студенти кои ќе бидат сместени во соби со над 2 кревети. Има место за сите и слободно може да аплицираат и во другиот конкурс на МОН“.

Оваа академска година нема странски студенти во домот. Куциноски вели дека на Универзитетот Св Апостол Павле студиите ќе се одржуваат он лајн. 80 студенти кои ќе бидат сместени во домот се студенти на ФТУ. Во студенскиот дом Никола Карев според протоколите има слободни легла за да се прифатат средношколците за кои евентуално ќе нема место во ученичкиот интернат Ванчо Питошески. Марјан Радески, директор на ученичкиот дом за средношколци Ванчо Питошески, пак информира дека од 120 слободни места со кои располагаат во интернатот има доволно легла за пријавените ученици кои ќе бидат сместени во нивниот дом во учебната 2020/ 2021. Собите во ученичкиот интернат се со по 3 кревети, а со протоколите дозволено е сместување по 2 ученици.

„ Број на ученици кои ќе бидат сместени во ученичкиот дом е 60 ученици. Во целост нема да биде исполенет капацитетот. Тие 60 ќе престојуват според сите протоколи кои се пропишани од МОН и ќе мора да ги почитуваат. Дополнително вишок на ученицие нема да ни се јави и во престојниот период ќе функционирае ако учениците ги почитуваат сите протоколи“.

За студентите и средношколците на кои ќе им бидат одбиени барањата за сместување, заради намалениот број на сместувачки легла и не може да се сместат во студентски дом, државата треба да им исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување. Месечно ќе се покриваат и трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се изведуваат студиите. За висината ќе одлучува Владата на Република Македонија

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top