Се евидентира драстичен пад на странските туристи во месец мај во земјава

Се бележи пад, дури за 99,2 проценти помалку во однос на лани. Само 838 туристи ја посетиле земјава, а се реализирале близу 5000 ноќевања, покажуваат статистичките податоци на Државен завод за статистика.

 |  Валентина Неловска  | 

Во месец мај се регистрира драстичен пад на туристичките посети и ноќевања во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристите во мај 2020 година изнесува 838 , а бројот на ноќевањата е близу 5000 или изнесува 4 946. Бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 99.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.6 %.
Бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %.
И во бројот на реализирани ноќевања кај домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, има намалување за 96.7 %, а намалување на процентот на бројто на ноќевања бележи исто така голем пад и кај странските туристи и изнесува 98%.
Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 63.2 %,. Кај домашните туристи има намалување за 58.2 %, а кај странските има намалување за 65.6 %. Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, се бележат опаѓања и кај бројките на остварени ноќевањата за 62.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56.0 %, а кај странските има намалување за 66.0 %.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top