Парични казни и одземање на возилата следуваат за возачи кои ќе пречекорат дозволена брзини на патот или ако возат под дејство на алкохол. Стапија на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот.
Повеќе не важи впишувања на казнени негативни поени за возачите кои ќе направат сообраќаен прекршок. Возачите ќе плаќаат парична казна наместо досегашната можност казната да ја заменат со негативни поени за сообраќен престап и загрозување на сообраќајната безбедност. На сила стапија измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Возачите кои ќе ја пречекорат дозволената брзина на патот ќе се соочат покрај со плаќање на парични казна и со одземање на возилата. Соња Шикалоска, сообраќаен инжинер и автоинструктор, за овие измени има свое видување за ефектот кој треба да се постигне .
„Со години откако се занимавам со оваа професија, доста луѓе го користеа тој бенефит да ја заменат паричната казна со негативни поени. Но, сега на некој начин ќе се развие поголема свест кај народот и со ударот по џебот ќе не свести за да бидеме безбедни, безбедноста е пред се за сите, да е на повисоко ниво. Времето ќе покажи дали ќе има влијание или не“.
Се случуваат различни сообраќајни престапи кои ја загрозуват безбедноста на сите учесници во сообраќајот но меѓу најчестите е брзото возење во населените и вон населени места, вели Шикалоска.
„Да за да може на некој начин возачите да водат повеќе сметка во вакви ситуации. Во населбите за пречекорувањето на брзината до 10 км од дозволеното е 10 евра казна , можеби е таа симболична сума, но ќе дејствува психолошки кај возачите и да се прилагодува брзината според сигнализацијата“.
Сега со новите измени возачите за пречекорување на пропишаната брзина во населено место од 30 до 50 км ќе се плаќаат казна во висина од 300 евра и ќе добијат забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци. За управување на возило под дејство на алкохол пак, за возачите освен парична казна следува и одземање на возилото.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град