• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Руралните општини Дебрца и Вевчани функционираат според препораките за вонредна состојба

Руралните општини Дебрца и Вевчани функционираат според препораките за вонредна состојба

Жителите ги  почитуваат мерките за самоизолација и  ограничување на движењето. Функционираат и тимови за помош на стари лица. Во општина Вевчани досега немало потреба за нивно помагање, додека во Дебрца повозрасните жители  барале помош за  купување на лекови.

 |  Валентина Неловска  | 

Се почитуваат препораките за работа и живеење во овие вонредни услови и во руралните средини кои ги опфаќаат општините Дебрца и Вевчани. Градоначалниците на двете општини Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, информираат дека се преземени сите мерки за заштита на населението од корона вирусот и во нивните рурални општини. Јавните површини во двете општини се дезинфицирани, упатени се апели до жителите како да се однесуваат во овие вонредни услови на живеење. Засега жителите ги почитуваат мерките за самоизолација, и ограничување на движењето на старите лица. Во општина Дебрца, во неколку села, како што се Волино и Горенци има жители кои се во самоизолација, а полицијата ги контролира дали ги почитуваат мерките, вели Ногачески. Исто така , од буџетот е издвоен фонд за помош на социјално ранливите категории жители, а се формирани и тимови кои им помагаат на старите лица претежно за купување на лекови и земање рецепти од матичните лекари. Се следат и лицата кои не живеат постојано во општината, а сега доаѓаат во некои од селата во Дебрца.

„ Има такви лица доста кои се враќаат во селата. Ги имаме задолжено месните заедници да ги евидентираат тие лица да водат грижа кои се вратени и им даваат препораки да се излолираат. Доаѓаат од разни краишта и не знаеме во какви контакти биле претходно. И кај тие лица максимално апелираме да се изолираат и да се придржуваат кон сите мерки на надлежните институции“, вели Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца.

Во општина Вевчани, која важи за општина со доста иселеници во странство во моментов има само неколку лица кои престојувале во западно европските земји. Тие се во самоизолација, информира градоначалникот Сашо Јанкоски.

„ Има на некој им заврши карантинот од 14 дена. Нови лица не се пристигнати. Мислам дека има уште 2-3 лица на кои треба да им заврши деновиве карантинот , но се придржуваат на обврските да бидат во самоизолација“, напоменува Јанкоски.

Здравствен дом Вевчани во кој се лекуваат над 30.000 жители од селата кои гравитираат во тој дел од општината е подготвен доколку дојде до зголемен број пациенти заболени од Ковид 19. Медицискиот кадар е опремен со заштитни маски и ракавици, дезинфекциони средства и просторија за изолација на заболени лица, информира Сашо Јанкоски градоначалникот на Вевчани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top