Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда.
Родители внимавајте анемија ги напаѓа децата. Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда. Кај предшколските деца на возраст до 7 години на прво место преовладуваат заболувањата на дишните патишта со 58 проценти, а веднаш зад нив следува анемијата со 3,5 посто, укажува д-р Слободанка Коцевска, од охридскиот Центар за јавно здравство. Најчесто на удар се предшколските деца, појаснува д-р Коцевска.
„Причина за откривање на анемијата и заземањето второ место се честите лабораториски контроли кај децата од оваа возраст за кои порано немаше навика да се прават, а последниве години има редовни контроли на крвта кај овие деца“, нагласува д-р Коцевска.
Статистиката покажува дека лани од предшколските деца поболежливи биле машките, додека девојчината се покажале поотпорни на болестите. Помош при лекување побарале 55 посто машки деца и 45 посто девојчина.
Популацијата на возраст од 8 до 25 години пак, најчесто страда од болести на дишните патишта и белите дробови. Второто место со 6,1 посто отпаѓа на недефинирани заболувања кај кои лекарите не поставиле дијагноза. Третото место го заземаат со 5,7 посто повредите на телото.
Третата категорија од 25 годишна возраст нагоре и понатака е на удар од срцево садовите заболувања со 28 проценти. Следуваат нарушувањата на ендокринолошкиот систем каде што дијабетесот со 2030 регистрирани дијабетичари и понатака има висока застапеност. Она што статистиката го покажува е високиот број на ново откриени болни од тироидната жлезда, па бројката достигнува од 1002 случаи, потенцира д-р Коцевска.
„Тоа е резулатат на подетални испитувања на функцијата на тироидната жлезда. Матичните лекари често ги упатуваат паценитите во повеќе лаборатории кои прават испитувања за да ги исклучат симптомите за некои заболувања , со што се потврдува дека станува збор за нарушена функција на жлездата“, вели д-р Коцевска.
Матичните лекари се обврзани да доставуваат извештаи за заболувњата на пациентите до службата во Центарот за јавно здравство. Засега оваа обврска ја почитуваат голем број лекари. Само 1 посто од матичните ја игнорираат оваа пракса поднесување извештаи кои помагаат да се има точна слика за здравствената состојба на охриѓани, потенцира д-р Слободанка Коцевска, од Центарот за јавно здравство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град