Рекреативците кон Горица „голтаат“ прашина

На рекреативниот потег кон Горица, Локалната самоуправа започна да гради, според  најавите, современ парк и пешачка патека.

 |  Валентина Неловска  | 
pesak
песак

 На рекреативниот потег кон Горица, Локалната самоуправа започна да гради, според  најавите, современ парк и пешачка патека. Почнатите зафати со нанесување на земја, го отежнуваат спортувањето на рекреативците. Постојната асфалтна патека е покриена со земја и ситен шлунак кои го остваат зад себе камионите. Рекреативците место чист воздух вдишуваат облаци од прашина. Тие погодени од ваквата состојба со негодување гледаат на градежните зафати кој ја уништуваат нивната омилена патека за рекреација.

kamionОд Локалната самоуправа, пак повикуваат рекреативците да имаат разбирање, додека траат градежните зафати, како што велат, на современиот парк. По неколку месеци за возврат ќе добијат современ простор за рекреација.Од Фондот за комунален развој, објаснуваат дека просторот со околу 10.000 метри квадратни ќе биде хортикултурно уреден и со нови содржини наменети за рекреативците. На просторот се планирани детски парк, фитнес катче, како и терени за одбојка и кошарка, но и уредени места за одмор на граѓаните, но без угостителски објекти.

До Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ се обративме со прашање дали за овој потег важи одлуката за одржување чиста улица после секој пренос на камионите со градежно земјиште. Одговорот на директорот Сашо Алчев е дека одлуката важи и за оваа улица. Тој ветува веќе од понеделник, со зголемување на температурите, дека ќе започнат да ја мијат патеката за рекреација.

 На рекреативците, единствено им останува надежта дека директорот Алчев ќе го одржи ветувањето и ќе ја спаси нивната прошетка во природа без да се задушуваат во облаци од прашина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top