Медиуми

ТВМ ТелевизијА одбележува 30 години постоење

ТВМ одбележува значаен јубилеј, 3 децении во етерот. Години на растеж од локална ТВ станица, една од првите приватни во Македонија, до Регионална телевизија со висока гледаност и рејтинг. Медиум во кој учеа и вградија дел од својот професионален ангажман над 100-на новинари, техничари, сниматели и друг кадар. Многу работи техничко технолошки со огромна брзина се менуваа низ годините и сеуште се менуваат, но суштината остана иста, секогаш на страната на граѓаните и јавниот интерес со навремено, објективно и професионално информирање. ТВМ 30 години е синоним за охридска телевизија, второто име кое и го дадоа граѓаните чувствувајќи ја за своја.
 |  инфодеск  | 
режија во твм телевизија

Регионална телевизија ТВМ одбележува 30 години постоење. На 26-ти јануари 1992 година започна да зрачи во етер сигналот на една од првите приватни ТВ станици во Македонија. Од простории на старото училиште Св. Сава, со скромна техника, група ентузијасти започнаа со реализација на првата емисија во живо од контактно забавен карактер. Од тој ден, до денес, над 100-на новинари, техничари, сниматели и друг кадар вградија дел од себеси во медиумот, вложувајќи труд, знаење и љубов. Години на обуки на кадарот и зајакнување на техничкиот капацитет во услови на ограничени ресурси, унапредување на знаењата и вештините преку учество во проекти, усвојување на стандарди во работењето преку обуки од експерти од BBC, едуцирање за современите текови во изготвувањето на медиумските содржини, резултираа со прераснување на локалната тв станица во Регионална телевизија.

Историјат

ТелевизијА ТВМ, согласно Одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2014г. прерасна во Регионална телевизија и започна со емитување на својот сигнал во Full HD технологија на територија на општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. ТВМ е првата приватна телевизија која во 2009-та година започна со реализација и емитување на специјална информативна програма за лица со оштетен слух, ТВМ Дневник за глуви и наглуви лица. Овој прозорец кон светот, како што го нарекоа лицата со оштетен слух, се емитува редовно до денес во 19:30ч.

30 години ТВМ е хроничар на се она низ што минуваше Охрид и југозападниот регион притоа носејќи се со исклучително голема и одговорна задача, низ сите тешкотии и кризи секогаш да се биде на страната на јавниот интерес, на страната на граѓаните.

3 децении продукција на информативни и дебатни емисии, образовна, културна, документарна, детска програма, надополнети со спортска, сериска и филмска програма, за различните интереси и вкусови на публиката која е критичар и мотив за опстојување.

Континуираниот стремеж за воспоставување поблиска соработка и комуникација со публиката, застапување на интересите на жителите на општините од регионот е причина за постојаната висока гледаност и рејтинг на нашиот медиум. И на крај, можеби во денешен контекст на трендовите во медиумската сфера, значајна промена е нашата поголема посветеност на искористување на социјалните медиуми за интеракција со граѓаните и зголемување на опсегот на допирање до поголема публика. Реализација на низа проекти како последниот и актуелен ТиСиТвојотГрад во рамки на Media ForAll не мотивира преку информативниот портал кој функционира во тесна врска со социјалните мрежи и нашиот youtube канал да создадеме една мрежа која во крајна линија ќе ја зголеми информативната моќ на телевизијата, мобилизирање на граѓаните да дисеминираат информации од јавен интерес и подигање свесност за прашања од значење на заедницата. 

Многу работи техничко технолошки со огромна брзина се менуваа и се менуваат, но суштината остана иста, навремено, објективно и професионално информирање. ТВМ 3 децении е синоним за охридска телевизија, второто име кое и го дадоа граѓаните чувствувајќи ја за своја.

Погледнете го и видеото на следниот линк


More Coverage

ТВМ Телевизија и граѓаните успешно решаваат горливи проблеми

ТВМ Телевизија и граѓаните успешно решаваат горливите децениски проблеми во регионот. Вие пријавувате, ние регистрираме на терен и објавуваме, а надлежните преземаат конкретни мерки и чекори.

Journalift платформата објави статија за „Ти си твојот град“

Journalift платформата, наменета за следење на развојот на медиумите во Западен Балкан, објави статија за „Ти Си Твојот Град“ на Регионална ТелевизијА ТВМ Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top