“Вистина и реално е дека градоначалникот Никола Бакрачески не реализира проекти од типот на „билдање” долгови на Општината и полнење на приватни сметки со народни пари затоа што тоа се проекти карактеристични за претходното локално раководство предводено од СДСМ – Охрид кога за потсетување заменик градоначалник беше господинот Томислав Тунтев”, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа по одржаната прес конференција на ОО на СДСМ.
“Се што вети градоначалникот Бакрачески исполнува. За период од 28 месеци, реализирани и во тек се 188 проекти. Од нив 95 од изборната програма меѓу кои капиталните, затворен зелен пазар, затворен пливачки базен, современа автобуска станица ,дом за стари лица и 93 проекти надвор од изборната програма. Во интерес на вистината општина Охрид го поканува поранешниот заменик градоначалник на Охрид , господинот Томислав Тунтев со цел да му го подари Отчетот во кој се сместени дел од реализираните проекти за да се увери во постигнатите резултати и реализирани проекти. Тоа е добра можност господинот Тунтев да направи разлика во начинот на работењето помеѓу сегашната и претходната локална власт. Ако претходната власт реализираше проекти исклучиво изразени во долгови, сегашната има реални резултати со реализирани крупни проекти и вратени над 9 милиони евра наследен долг”, стои во реакцијата.
“Ако во изминатите години туристичките работници, хотели, туроператори имаа секундарен третман на донатори по потреба, денес тие се најважниот партнер на општина Охрид во целокупната туристичка развојна стратегија, планирање и туристичка промоција на градот. Посебен развој доживува сегментот на активните и алтернативни форми на туристичка понуда кои претставуваат најбрзо растечки сегмент на туристичката индустрија на глобално ниво и кои се од огромен интерес од развој на поширокиот регион на Охрид”, велат од локалната самоуправа.
“Охрид не е повеќе панаѓурска провинциска касаба како што беше во Ваше време, туку израснува во првокласна туристичка дестинација од светски ранг. СДСМ – Охрид нема никаков кредибилитет да го употребува терминот паркинг простор а уште помалку јавно да дискутира на темата паркирање. Свежи се сеќавањата на охриѓани кога со јавниот паркинг простор во градов стопанисуваше приватна фирма блиска до претходното локално раководство која инкасираше народни пари на приватни сметки. Тоа беше време на чести конфликти на паркинзите помеѓу лицата од приватната фирма со охриѓани и туристите. Исто така сведоци сме дека во времето кога господинот Тунтев беше заменик градоначалник на Охрид, иако експерт по сообраќај дозволи да се случи најголемиот сообраќаен хаос за што сведочат и огромните бројки на сообраќајни незгоди. Ако во Охрид во 2012 година се случиле 337 сообраќајни незгоди во 2014 нивниот број е намален на 283”, велат од локалната.
Во однос на негодувањата во однос на градежните активности на улица “Питу Гули” велат дека тоа е само потврда дека СДСМ – Охрид е против се добро што му се случува во градов со што директно ги повредува охриѓани кои заслужуваат да добијат нови улици, канализациони мрежи, кружни тeкови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град