Децата и дивиот свет

Работилница по повод Светскиот ден на дивиот свет

По повод Светскиот ден на дивиот свет 3-ти март, во просториите на НП „Галичица“ се одржа работилница „Цицачите во НП Галичица“ заедно со учениците од ОУ „Ванчо Николески“, подрачно училиште Косел.
 |  инфодеск  | 

По повод Светскиот ден на дивиот свет 3-ти март, во просториите на НП „Галичица“ се одржа работилница „Цицачите во НП Галичица“ заедно со учениците од ОУ „Ванчо Николески“, подрачно училиште Косел.

На работилницата учениците имаа можност да се запознаат со видовите цицачи кои ги имаме на планината Галичица, да научат за нивните карактеристики, нивната екологија, исхрана и начин на живот.

Големо внимание посветивме на таинственото животно со темпераментен карактер, рисот. Благодарение на Македонското еколошко друштво „МЕД“ и нивниот Едукативен пакет за балкански рис, научивме за неговата биологија, размножување, исхрана и живелиште, информираа од НП Галичица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top