Пумпна станица покрај каналот Студенчишта го нагрдува просторот

Пумпна станица покрај каналот Студенчишта го нагрдува просторот.

 |  Валентина Неловска  | 

пумпа

Неугледен објект покрај каналот Студенчишта го нагрдува  локалитетот Билјанини Извори. Наместо поставени информативни табли, инвентивни содржини за привлекување туристи за опеаните извори  или поплочено и уредено шеталиште, покрај каналот подигнат е овој објект кој ја засенува убавината на локалитетот.

Јавноста се прашува за што служи овој објект и зошто не се водело сметка за неговиот надворешен изглед. 

Ристе Мише, директорот на јавното претпријатие  „Билјанини Извори“ информира дека објектот е пумпна станица од која ќе се наводнуваат спортските терени.

 

станица

 

 

Додава дека станицата мора да биде заштитена за да не биде уништена од несовесни граѓани. Признава дека не воделе многу сметка за естетскиот изглед на објектот. Ветува дека хортикултурно ќе го уредат просторот веднаш по поставувањето на вештачката трева на  помошното фудбалско игралиште.     

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top