Вакви се предвидувањата на експертите по туризам за угостителите. За разлика од угостителите, сценариото не е толку поволно за хотелиерите. Според светскиот економски форум заздравувањето на туристичката сфера се очекува во следните 10 месеци во ситуација кога никој не знае колку ќе трае борбата со коронавирусот.
Вообичаено посетеноста на гости за време на Велигденските и првомајските празници во охридско- струшкиот регион беа репер каква ќе биде претстојната летна сезона. Но, моменталната ситуација со коронавирусот во светот повеќе е од јасна дека ќе има негативни последици врз домашниот туристички сектор, вели Цветко Андреески декан на охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Туризмот е во потешка ситуација во споредба со угостителството без разлика колку ќе трае оваа ситуација. Колку подолго ќе трае пандемијата толку ќе биде се потешко, напоменува деканот.
„Според истражувањата на Светскиот економски форум се очекува заздравувањето во делот на туризмот да биде во следните 10 месеци. Тие се предвидувањата во овој момент. Како ќе оди ситуацијата никој не може со сигурност да каже каков ќе е развојот на настаните. Во секој случај ова е нова ситуација која никој не ја очекуваше и последиците ќе се чувствуваат во следните неколку години не само во оваа сезона“, вели Андреески.
Поголем број од фирмите од угостителскиот сектор можеби може да ја издржат моменталната економска криза за месец или два, но има повеќе параметри кои неповолно се рефлектираат врз работата на угостителскиот сектор, вели Андреески.
„Прво ситуацијата доаѓа на почетокот на сезоната кога угостителите се исцрпени од зимскиот период кога нема или е немален бројот на гсоти. Во зима доаѓаа гости од Далечниот Исток, годинава не дојдоа и тоа ќе дополнителен удар. Дел од хотелиерите и угсотителите имаат инвестирано средства пред почетокот на сезоната. Сите овие состојби ќе допринесат да нема доволно средства доколку кризата трае подолг период. Арнажманите се откажани за цела сезона и ситуацијата е сериозна“, кажува деканот на ФТУ.
По завршување на пандемијата први од кризата се очекува да излезат фирмите од угоститескиот сектор, вели деканот на ФТУ. Први ќе оставруваат приходи и средствата ќе ги ангажираат за сезонски вработувања. Андреевски не очекува дека ќе има масовни отпуштања од работа во овој секотр бидејќи и досега угсотителите се соочуваа со недостиг на квалитетна работна сила.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град