Првачињата од Григор Прличев беа во посета на Локалната самоуправа

Првачињата од Григор Прличев беа во посета  на Локалната самоуправа.

 |  Валентина Неловска  | 
деца
деца

Учениците од прво одделение  од ОУ „Григор Прличев“  денес ја посетија општинската  зграда.  Директорката на училиштето Силвија Мојсоска напомена дека оваа посета е во рамките на Детската недела, а има за цел учениците од најмала возраст да се запознаат со оваа установа. Посетата на општината се применува и во повисоките одделенија, вели директорката Мојсоска.  

 

деца„  Како редовна посета имаме  во 3 одделение тогаш учат учениците за Локалната самоуправа и секоја година тоа го практикуваме по наставнат единица и а практично да се запознаат. Започнавме и со малечките и е убаво да знаат за оваа и другите  институции за постепено да го научат начинот  на работа на институциите“,вели Мојсоска.

 

 

децаПрвачињата при посетата на  општинската зграда ги прими заменикот градоначалник Ангел Јанев. Општината  не  е на располагање само на возрасните туку и на најмладите граѓани, истакна на средбата  Јанев.   Полека, но сигурно ги запознавме најмладите со делувањето на Локалната  самоуправа, кажа Јанев.

„ Денес голема чест и задоволство ми претствува да ги пречекаме првачињата. Накратко им објаснив како функционира Локалната самоуправа,а од друга страна ги запознав со хиерархијата на поставеност“, напомена Јанев.     

Пракса е како и минатата година, а се надеваме дека и во иднина ќе продолжи, учениците да ја посетуваат општинската зграда  и институциите на Локалната самоуправа , рече Јанев.
Првачињата пак за возвратија  со песнички кои  ги научиле в училиште.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top