Приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, денеска го почнаа најавениот протест.
Докторите ги отворија своите ординации и во текот на денот нема да примаат пациенти, освен итни случаи. Нема да даваат услуги што се нудат преку „Мој термин“, а пациентите кои не сакаат да почекаат за упати и препишување терапии и закажување тестирања, ги упатуваат во ургентните центри – изјави за МИА претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова.
Според неа, досега имаат поддршка од пациентите, од сите возрасни групи. На сите, нагалси, ни е неопходно функционално здравство. Досега немале итни случаи, но доколку се јават, како што вели, ќе бидат примени.
Чолакова – Дервишова попладне во 14 часот ќе има средба со заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски, на која ќе ги презентираат причините и барањата за протестот. Средбата ја потврди и Рендевски.
Матичните лекари бараат да се подигне цената на капитацискиот бод по пациент, за која беа ветени 95 денари, како и да се измени Законот за здравствена заштита со кои сите пациенти наместо да бидат „врзани“ за факсимилот на лекарот, ќе и припаѓаат на матичната ординација. Незадоволни се, како што велат и од недостигот на поддршка во примарното здравство во текот на целата пандемија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град