Просторот пред хотел Славија е повторно слободен

Просторот пред хотел Славија е повторно слободен.

 |  Валентина Неловска  | 
Slavija
Slavija

Одстранета оградата од узурпираниот простор пред хотел Славија. Портпролот на Локалната самоуправа Томе Џамтоски,  информира дека тоа се должи на преземeните мерки од страна на инспекторите од главниот општински инспекторат. Градежните инспектори при увидот утврдиле дека узурпираниот простор пред Славија на површина од околу 1000 метри квадратни е земјиште на Република Македонија. Џамтоски напоменува дека просторот бил заграден од страна  на компанијата Сахара груп.
Slavija
„ Во самата постапка прво пристапуваме кон известување. Бидејќи самата ограда не е цврста градба која подразбира  преземање мерки  со механизација, туку со самото известување до компанијата тие ја одстраниле оградата и тука завршува целата постапка на поставената ограда.“

Во месец март инспекторите излегле на терен  на посоченото место, а направиле увид и на целото  источно крајбрежје. Градежните инспектори при увидот  на крајбрежјето  на Охридското езеро констатирале и други неправилности, но од многу помал обем.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top