Проф.д-р Чепреганов: За добра интерперсонална комуникација мора да има воспитување

Живееме во многу примитивно општество каде што едукативниот факор е на многу ниско ниво, смета угледниот проф. д-р Методи Чепреганов. Проблемот во нашата земја е во неконтролираниот и деструктивен нагон, па затоа има тепачки, кражби, корупција и алчност. Деструктивниот нагон го носиме во себе од раѓање, но треба да се применат многу норми како што се воспитанието, знаење, етика и духовност за да може да го контолираме.

 |  Валентина Неловска  | 

Угледниот професор доктор Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија гостуваше во Охридската НУ Библиотека Григор Прличев. Пред голем број граѓани од Охрид, Струга, Битола и Скопје говореше на тема „ Агресија моќта на човечкиот деструктивен нагон“. При тоа професорот кажа дека постојат три екологии во битието на човекот, а негово подрачје е екологијата на духот. Тоа се меѓучовечките интерперсонални односи во секојдневниот живот. Проблемот во мојата земја е во неконтролираниот и деструктивен нагон, па затоа има тепачки, кражби, корупција и алчност, вели угледниот и ценет професор Чепреганов. Прашање е дали знаеме како да разговараме, да се почитуваме, размислуваме, договараме , дали знаеме да бидеме флексибилни и толерантни.

„Целта е да чуете дека за да има добра интерперсонална комуникација мора да има хармонично воспитување со пристоен вокалбулар. Целта ми е да зборувам за агресијата и моќта на човечкиот деструктивен нагон кој го носиме во себе со кој се раѓаме, но треба да се применат многу норми како воспитание, знаење, етика, духовност, социјални норми за да може да се контролираме“ , споделува проф. д-р Чепреганов.

Нашето општство има 9 лузни или болести . Тоа се болестите на ерозија на интелетуеланите вредности со партска припадност, расцепканост, раздвоеност, раслоеност на ткивото на обичниот човеч, поделбата на тие и оние, а сите сме исти, масмедуимите и мнипулациите со лаги во борбата за власт,набројува д-р Чепреганов. На прашањето има ли лек на болеста на нашето општество, мудро одговара. Потребно е многу работа во домот, во градинките на сите нивоа во училиштата.

„Добро домашно воспитание, хармонична домашна средина, образование во државата. Само со инкорпорација на тие норми кои го градат психопрофилот на личноста, моралот, етиката, социјалните норми и духовните норми. Она што го зачувало народот е религијата“, додава еминентниот експерт Чеперганов.

Во човечкиот живот клучни се воспитанието и образованието, но и одговорноста кон она што се работи и консултација со повеќе луѓе со што ќе се извлече најдоброто решение. Парадигмата јас знам е болест, параноја која води кон пропаст, децидно нагласува д-р Чепреганов.
Професорот д-р Методи Чепреганов е член на Европска асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука. Во научно и професионално достигнување објавил над 40 книги, 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијат, од кои 5 книги се на француски јазик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top