• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Проектиран документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици во ОУ Св. Климент Охридски

Проектиран документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици во ОУ Св. Климент Охридски

Проектиран документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици во ОУ Св. Климент Охридски. Едукативен филм, полн со силни емоции од кој другите училишта треба да извлечат искуство за вклучување во образовниот процес на децата со различности. Николина Новакоска, ученичка од ова училиште е главниот протагонист.

 |  Валентина Неловска  | 

Од Охрид започна проекцијата на документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици и наставници во ОУ „Св. Климент Охридски“. Во ова охридско училиште долги години се негува и практикува едукација на деца со различности. Низ животната приказна на Николина Новакоска, главниот протагонист во филмот, нејзините соученици и стручните тимови се споделува процесот на образование на учениците со различности. Инклузијата е законска облигација за сите основни училишта, а успешниот процес, каков што е примерот во Св. Климент Охридски, зависи од сите нас, вели Мимоза Петревска, претседателката на здружението за поддршка на деца и млади „ Сина птица“.

„ Тој што ќе го погледа филмот, носи силни пораки, полн со емоции, ќе разбере дека сакаме да промовираме позитивна пракса на инклузивна практика создадена од инклузивните тимови, сензибилизирани на типични ученици. Типичните ученици без попреченост малку знаат со што се соочуваат нивните другари со попреченсот“, вели Петревска.

Славица Илиќ, училишен педагог од ОУ Св Климент Охридски, напоменува дека нивната училишна политика, покрај законската обврска за вклучување на децата со различнoсти во образовниот порцес и Конвенцијата за детските права , со години наназад нивна оперделба е децата да не се делат од врсниците и да учествуваат во воспитно – образовниот процес заедно со своите врсници.

„ Она што ни е важно не е само да ги описмениме, да ги подготвиме за живот и работа, да бидат самостојни, важно ни е да се чувствуваат задоволно и прифатено во нашето училиште“, укажува Илиќ.

Различностите мора да ги соединимe, сплотуваме и вмрежуваме и тоа ни е должност , како луѓе да се гледаме различни но и да живееме заедно со тие различности, рече на промоцијата грaдоначалникoт Јован Стојаноски.

„ Се надеваме дека Локалната самоуправа ќе презема се повеќе активности ,се повеќе ќе ги направи тие различности да се помалку видливи,впечатливи, а посебно меѓу децата“, рече Стојаноски .

Филмот во режија на Ана Глигорова е снимен оваа пролет во ОУ Св Климент Охридски во продукција на Здружението за поддршка на деца и млади со различности Сина птица , а со финансиска помош од фондацијата Отворено општество Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top