Неисчистените оџаци пак, и понатаму се на врвот од најчестите причини за интервенција на пожарникарите. Упатуваат предупредување, граѓаните да внимаваат при купување на продолжни кабли и на проодноста на оџаците.
Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале приближно ист број интервенции на пожари споредено со истиот период од минатата година. Изгаснале 21 пожар во првите дваесет дена, од кои единаесет биле на опожарени оџаци, а во десет наврати реализирале технички интервенции, информира Борко Јанкулоски, командир на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Покрај неичистените оџаци, потенцијална опасност за пожар се почесто стануваат продолжните кабли со несоодветна јачина, предупредуваат пожарникарите.
Во зимскиот период најчести причини за појава на пожари се димните канали и електричните уреди поврзани на несоодветни продолжни кабли од кои избива пожар од преголемо оптоварување. Апелирам да не се уклучуваат повеќе уреди без соодветна јачина на кабелот. Да се купуваат високо квалитетни кабли, кои ќе се соодветни за јачината на електричниот уред. Исто така, димните канали да се чистат редовно за да ги немаме овие проблеми во зимскиот период – истакна Јанкулоски.
Оваа година, пожарникарите очекуваат подновување на опремата која е неопходна за нивната служба. Локалната самоуправа планира средства во буџетот за набавка на неопходната опрема со којашто Територијалната противпожарна единица поефикасно ќе се справува при интервенциите.
Одвоени се средства за набавка на заштитни униформи. Се надеваме на подобрување и на возниот парк за поефикасно да реагираме и да сме подготвени на терен во интерес на градот Охрид – додава Јанкулоски.
Во моментов Територијалната противпожарна единица располага со пет противпожарни возила кои се во функција. Деновиве, се очекува да заврши поправката на резервоарот кај уште едно противпожарно возило.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град