Советниците во редуциран состав со 17 присутни , денес ја одржаа четириест и првата седница. Сите при
сутни дадоа зелено светло за продолжување на мораториумот за градење во Општина Охрид согласно препораките на УНЕСКО.
Со 17 гласови ЗА , Советот на Општина Охрид едногласно ја донесе одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации, како и за времен прекин на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Советниците со тоа го продолжија мораториумот за градење до 01 октомври 2020 година.
„И покрај вонредната состојба со епидемијата , градот мора да функционира и да се носат одлуките кои се од витално значење за Охрид. Една таква одлука е продолжувањето на мораториумот за градење. “ – кажа градоначалникот Константин Георгиески.
Следува период во кој ќе треба да се направи усогласување на сите урбанистички планови со Планот за управување со културното и природното наследство на охридскиот регион 2020-2029 год.
„Овој план ќе биде над сите урбанистички планови и дополнително ќе го регулира сето она што треба да претставува маркица за градба или дозвола за градба која врз основа на урбанистички план би содржела едни параметри но според Планот за управување би значело нешто сосема друго. На крај тоа ќе зависи од местото за кое тоа одобрение за градба треба да се добие, дале ќе биде крајбрежје, контактна зона, село , населено место далеку од крајбежјето.“ – Кирил Пецаков , координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ
Новата одлука има една разлика во однос на мораториумот кој важеше предходните 6 месеци, посочува Пецаков.
„Легализации ќе продолжат меѓутоа треба да бидат надвор од крајбрежната зона , старо градско јадро и контактната зона, односно зоната одма после старо градско јадро и крајбрежниот појас, сите останати ќе можат да ги легализираат , односно да ги продолжат постапките со тоа што сега ќе биде потребно позитивно мислење од Министерство за животна средина за секој еден објект кој треба да се легализира и таа постапка во овие 6 месеци ќе продолжи.“ – вели Пецаков.
Проблемот со дивоградбите тековно ќе се решава. Повторно мал е износот на средства кој што се предвиде во новата буџетска година за отстранување дивоградби, смета опозицијата во Советот, но додаваат дек она што е поважно сега е усогласувањето на урбанистичките планови со Планот за управување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град