• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Проблем при чистењето на канализациониот систем во центарот на градот се замастените цевководи

Проблем при чистењето на канализациониот систем во центарот на градот се замастените цевководи

Од 18 км секундарна канализација досега се исчистени 5 км. Паралено со  тоа тече санацијата на препумпните станици. 

 |  Валентина Неловска  | 

Замастените цевководи се најголемиот проблем при чистењето на секундарната канализација во градот. Посебно со тој проблем се соочуваат во моментов екипите на фирмата Еко тим кои работат на чистење на одводните цевки. Од 18 км секундарна канализација досега се исчистени 5 км секундарна канализација, информира Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор.

„Најголем проблем кој го затекнавме на терен се песокта и маснотиите од рестораните кои се испуштаат во секундарната канализација.Од тоа доаѓа до големо затврднување на цеководите и зачепување на цевките во секундарната канализација. Се вложува повеќе труд , но добро се чистат кaко да се сега поставени“, информира Владимир Алексијоски , директор на ДЈП Колектор.

Паралено со чистењето на секундарната канализација тече и санацијата на препумпните станици. 5 се завршени со поправка од вкупно 18 -те препумпни станици колку што ги има во проектот за санација на колекторскиот систем. Продолжуваме со целосна санација на полжните пумпи. Материјалите за големите профилни цевки од 1000 мм се пристигнати и по празниците ќе почне со процесот на полимеризација на цевководот.

 

„Поставување цевка во цевка ќе почне од хотел Парк до потегот на Бела Виста. Потоа ќе продолжиме понатака се до Подмоље“, вели Алексијески.  

Од ДЈП Колектор се оптимисти дека работите за санација на колекторскиот систем ќе завршат според планираниот термин,а тоа е почетокот на летната сезона. Работите ќе продолжат и на струшкото крајбрежје каде што ќе треба да се санира 8,5 км секундарна канализација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top