Пристигна првата група Полски туристи во студенскиот дом Никола Карев

 Полските туристи втора година по ред доаѓаат во Охрид и се одушевени од неговите природни  убавини. Задовоството  е присутно и кај домаќините и кај гостите и потенцираат дека се запазени сите безбедносни протоколи. 

 |  Валентина Неловска  | 

 

Во Охрид на летување пристигна првата група од педесетина полски туристи. Тие една недела ќе претстојуваат во Студентски Дом „Никола Карев“ и при доаѓањето ги запазиле сите безбедносни протоколи, вели туристичкиот водич Мачеј Чох. Полските туристи, втора година по ред доаѓаат во Охрид, се одушевени од откритието,  за нив новата туристичка дестинација, која ги привлекува полските гости. Чох вели не ги плаши пандемијата од Ковид 19, се придржуваат до протоколите за заштита и не се откажуваат од посетата на прекрасното туристичко место какво што е Охрид.

„Погледнете ја оваа глетка. Ние сакаме да патуваме, да среќаваме нови луѓе, го сакаме Балкан. Бевме минатата година и сакавме повторно да дојдеме. Ова е за нас многу убаво има многу сонце, вода, многу активности, како кајак. Ова е за на нас прекрасно место“, вели Чох.

Првата странска група за ова сезона ги израдува и домаќините од СД „Никола Карев“. Директорот Жарко Куциноски е задоволен и потенцира дека се почитувани сите протоколи за безбеден престој на сите гости. По долги преговори и убедувања успеавме да ги донесеме Полските туристи во Охрид, а во соработка и со помош на нашите пријатели туристичкото биро „Јузмески Травел“ и Никола Јузмески. Прват група гостите ќе престојуваат од 21 до 29 јули, а другата група од 29јули до 4 август, вели Куциноски.

„Очекуваме и други туристи и во преговори сме и со други европски земји. Се надеваме дека ова прво доаѓање на полскиет туристи силно ќе одекне во Европа и нашето опкружување и понатака ќе може д а се радуваме на туристи во ова пандемија која го снајде целиот свет“.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека работат на привлекување на домашани, но и на странски туристи во земјава. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски очекува да се надминат првичните планирани бројки за остварени ноќевања во земјава.

„Планирањето на Агенцијата  е оперативно порaди Ковид кризата и неизвесноста што таа ќе носи од месеците септември и октомври. Ние се подготвувме со Стартегиско планирање кое ќе биде заедно со целиот туристички сектор. Уште во февруари заедно со Координативнот тело поради пандемијата ги донесовме сите мерки и помош во туристичкиот сектор се надеваме дека ќе успееме да се издигнеме над тоа и ќе има повеќе од 2 милиони ноќевања без разлика дали се од странски или домашни туристи“.

Од Агенцијата, најавуваат дека веќе, од месец септември ќе започнат со нова кампања која ќе го опфати регионот со нови видео спотови и со он лине рекламирање. Дополнително ќе имаат освежување на сајтот Macedonia timeless и голем број изненадувања кои ќе допринесат летната сезона 2021 да ја дочекаат многу по подготвени, информира Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот .

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top