Презентиран ДУП во УЗ 8 т.3 за дел од населбата Бејбубар

Презентиран ДУП во УЗ  8 т.3 за дел од населбата Бејбубар.

 |  Валентина Неловска  | 

Јавно презентиран Деталниот урбанистички план во урбана заедница 8 точка 3 за населбата Бејбунар. Планот опфаќа 12,6 хектари во кој  влегуваат границите на  улиците Карпош Војвода, Булевар Туристичка, Асном и Бејбунар. Со изложениот плански концепт ќе се градат и догардуваат индивидуални и колективни згради за домување, трговски и верски објект, информира Викторија Алаческа од АД Зум планер Скопје.
   
„ Новата регулатива ни дозволува да дадеме висини од П+ 7  наша задача е да им ги дадеме тие параметри, но постојните градби мора да ги испитат геомаехничките услови и статиката , а тоа важи и за ново планираните градби да сезивршат тие испитувања за да се реализира таа висина и површина, “истакна Алаческа.

Со деталниот урбанистички план за сите градби без исклучок инвеститортите ќе мора да обезбедат  паркинг места во сопствената парцела. Со основниот проект ќе треба да ја утврдат нивната изградба дали ќе се градат како подземни нивоа или пак  на спрат.
На јавната презентација граѓаните сопственци на парцели и објекти најмногу се интерсираа кога најбрзо ќе биде изготвен деталниот урбанистички план за урбана заедница 8 и кога ќе може да градат. На ова прашање Викторија Алаческа од проектанското биро  АД Зум со одговор со кој мора максимално да се испочитуваат приватната сопственост и Законот за градба.

„Се работи за приоритетен план, наша должност е да го изработиме во најбрз можен рок. Ако има помалку забелешки ќе се релизира побрзо. Се работи за земја на народот треба и тие да се задоволни, а и ние да постапиме според законот кој диктира како да  го изработиме планот и со заеднички сили да го сработиме до крај“, напоменува Алачeска.
 
Граѓаните од Урбана заедница 8 точка 3  катастарска општина Охрид 4 ќе може своите забелешки да ги поднесуваат во  анкетни прашалници до 29 септември.
 По тој законски рок нивните забелешки нема да се земаат во предвид. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top