Препораки како да се заштeди по поскапувањето на струја

Да се  користат новите технологии за греење, за да се заштити семејниот буџет од новото поскапување на струјата,  препорачуваат експертите по енергетика. За греење на домаќинствата да се користат инвертер клими и печки на пелети. Меѓу препораките за намалување на сметките за струја е  замена на светилките со лед осветлување и  користење на ефтината тарифа на струја.

 |  Валентина Неловска  | 

Поголемито дел од граѓаните се загрижени од последното поскапување на електричната енергија кое ќе удри врз се потенкиот семеен буџет, посебно во зимската грејна сезона. Експертите по енергетика упатуваат совети до граѓаните како да заштедат пари при потрошувачката на струја. Еден од предлозите кои ги дава Александар Дединец, доктор на науки од Центарот за енергија и одржлив развој при МАНУ, е користење на новите технологии за греење во домаќинството.

 „Би ги охрабрил сите кои користат електрична енергија за затоплување како што се панели, греалки и термо печки да ги заменат со инвертер клими и уреди. Со нивно користење 3 пати е помала потрошувачката на електрична енегија. Доколку плаќаат 3000 денри со инвертер клима би плаќале помалку 1000 денари за загревање во одредени месеци“, советува Дединeц.

Експертот по енергетика препорачува и други начини како да се намалат сметките за потрошена електрична струја во домаќинствата. Советува да се користат лед светилките и ефтината тарифа за струја. Советува да се исфрлат од употреба и некои уреди од домаќинставата кои се најголеми потршувачи на електрична енергија.

„Дополнително мора да одиме кон енергетски ефикасни технологии и да ги одстраниме сите уреди во домаќинствата кои трошат многу електрична енергија како што се фрижидерите за длабоко замрзнување“.

Граѓаните да ги искористат максимално сите поволности кои ги нуди државата преку различните субвенции. Да аплицираат за субвeнции на греење на инвертер, сончеви колектори ,ПВЦ прозорци, апелира Александар Дединeц. Укажува дека Регулаторната Комисија за енергетика не може да ја повлече одлуката за поскапување на струјата без тоа да го побараат од нив  компаниите Мепсо, ЕВН Дистрибуција и Маркетинг операторот за тарифа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top