Преплетените ингеренции за свлечишето кај Св Сава ја одолговлечи неговата поправка

Преплетените ингеренции за свлечишето кај Св Сава ја  одолговлечи неговата поправка.

 |  Валентина Неловска  | 
дупка

Со заеднички сили со Завод и Музеј ќе се санира опасното  свлечиште помеѓу некогашното училиште Св. Сава и сегашното Св Климент, најавуваат од општина Охрид. Свлечиштето кое се појави на почетокот од оваа година,  е опасно за учениците и минувачите на овој  потег од Месокастро и Варош, се одолговчи заради испреплетените ингеренции на општината и Завод и Музеј. Сепак, според најавите на портпаролот на Фондот за комунални дејности Љупчо Танески ан свлечиштето  ќе се интервенира на почетокот од 2016 година.

дупка„ Проектот е завршен од Завод и музеј и санацијата е влезена во буџетот за проблематични објекти  за 2016 веднаш ќе се пристапи со работ ана терне и ќе се одстрани тој проблем“, вели Танекси.

Општината и завод и музеј со здружени сили ќе интревенираат за санацијата на свлечиштето.

„ Она што беше договор Локалната самоуправа е преку јавните претпријатија да даде техничка помош. Ние сме во постојана корелација и кога ќе се стави ова прашање во буџетот на Завод и музеј ќе почне да се работи.Тоа е предмет на договор помеѓу двете институции“, посочува Танески.  

Секторот за комунални дејности во два наврати самостојно интревенирал на свлечиштето но и по двата  зафати отворот повтoрно се појавувал.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top