Познати охридски музичари ќе учествуваат на хуманитарна Новогодишна забава

Познати охридски музичари ќе учествуваат на хуманитарна Новогодишна забава.

 |  Валентина Неловска  | 
plakata

Oхридските музичари Петар Маркоски, Дамјан Пејчиноски, Богдан Василевски, Ѓоко Танески, The Bacdoor Band со нивните прекрасни изведби ќе овзоможат во празниците кои се наближуваат радоста да се сподели со децата кои не растат во изобилие. Атмосферата ќе ја загреат со изведба на македонски евергрини и познати рефрени, како и светски референи од изведби на Елвис Присли, Френк Синатра, Дин Мартин. Охридските музичари потсетуваат дека преку цела година работат на оставруавње на нивните  цели, но дека декември е месец кога треба да се помисли и на другите луѓе кои имаат помалку среќа од останатите.

плаката„ Не сме секогаш ние во центарот на вниманието туку има луѓе на кои им е потребна помош и тоа да го насочиме кон нив“, подсетува Петар Маркоски.   

Сите граѓани кои имаат желба да даруваат и израдуваат  некое дете може да учествуваат на Новогодишниот хуманитарен концерт во организација на Црвен крст.

„ Средствата собрани од продажбата на влезниците и прекрасни новогодишни креации изработени од децата од Оригами клубот при Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за децата на самохраните родители и децата сместени во згрижувачки семејства коисе две во Охрид. Пакетчиња ќе се даруваат и  за децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца“, кажа Анета  Јованоска од охридскиот  Црвен крст.

Новогодишниот хуманитарен концерт што ќе се одржи утревечер во Центарот за  култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 ч. Од „ЕЛБО“ Охрид ќе се погрижат за добриот звук, а волшебниот новогодишен изглед на сцената ќе им биде доверен на професионалците од  „ИМПАКТ ГРУП“,а водител на манифестацијата ќе биде Ена Тунтева.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top