Позитивни одгласи за Охридско лето кое го задржа препознатливиот квалитет

Позитивни одгласи за  Охридско лето кое го задржа препознатливиот квалитет.

 |  Валентина Неловска  | 
ohridsko leto

oh letoСо над 25.000 посетители и голем број  музичари и уметници кои гостуваа  од  над 15 земји од светот се заокружува годинешното 55 јубилејно издание на Охридско лето.  Во 40-те фестивалски денови се славеа  29 музики настани, 13 театарски престави и 10 настани од другите уметности, кажа при сумирањето на резултатите од фестивалската програма, директорката Елизабета Јанкулоска.

„ Не изнендува и радува што имавме публика од сите возрасти. Имавме поврзување и со туризмот, имавме туристички групи кои ги посетија настаните. Горди сме  како тим што успеваме на секоја вечер да и дадеме посебно значење, сите настани тоа го заслужуваа“, кажа Јанкулоска.   

oh leto Домашните и меѓународните критичари Фестивалот Охридско лето  го оценуваат како успешно и врвно фестивалско издание кое го задржа препознатливиот квалитет, истакна и музичкиот селектор Гордана  Јосифова Неделковска.
Изјава:  Гордана Неделкоска Јосифоска – музички селектор
„ Во ова издани имавме гостувања на светски мзуички имиња и го насловивме „ Со ѕвездите до ѕвездите“.
 55-то  јубилејно издание ќе го паметиме затоа што сите патишта од Македонија и регионот водеа кон Охрид и фестивалските сцени, кажа музичкиот селектор.   

Ние работиме 365 дена во годината за да може д асе направи фестивалската Програма истакна и Ѓорѓи Јолески, драмскиот селектор на фестивалот. Француската влада годинава и  ја додели наградата  „Витез на уметноста“  на колешката Гордана Јосифова Неделковска на што сите сме горди и се радуваме затоа што тоа е награда и за целиот тим на фестивалот Охридско лето, напомена Јолески.

„ Задоволен сум од реакцијата како беше создадена програмата за 55 јубилејно издание,  од одгласите кои беа феноменални . Од реакциите на публиката и критичарите дека не беа донесени  само ѕвездени имиња туку и новитети и  трендови во уметноста, нови естетски видувања во уметничките дела“, рече Јолески.

Првите луѓе на Фестивалот заедно со своите соработници донесоа уште едно успешно издание на Охридско лето. Македонија  во светот на уметноста е препознатлива по Фестивалот Охридско лето. Успешниот тим веќе има нови  предизвици за следното 56-то  издание  за кое подготовките веќе се во тек . 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top