Потребна е подобра законска регулатива за наградување на талентираните ученици

Покрај тоа, во нашиот образовен систем недостасува организирана работа со овие ученици. Македонскиот образовен систем нема Национална стратегија за откривање и работа со надарени и талентирани ученици.

 |  Валентина Неловска  | 

Недостасува мотивиција и поддршка на надарените и талентираните ученци во нашата земја, смета проф. д-р Љупчо Кеверески, претседател на Македонската асоцијација за надарени и талентирани ученици. Потребно е да се подобри постоечката законска регулатива во делот на наградување на талетираните ученици. Постои надостаток од техничка законска регулатива која заради некои недоследности може да предизвика несакани проблеми.

„Законската регулатива треба на одреден начин да се иновира т.е. квалитативно да се подобри во смисла да се искористат исксуствата од другите држави како Словенија“.

На талентираните деца во нивните успеси не им се примарни стумулансите и бенефииците туку многу повеќе мотивите за самопотврдување и самоактулизирање, вели проф. д-р Кеверески. Додава дека во македонскиот образовен систем многу повеќе недостасува организирана работа со талентираните и надарените ученици. Во моментов таа грижа сеуште е само декларативна.

„Сеуште сме генерално, на регионално ниво, во ситуација кога повеќе се зборува дека тие се потребни и треба да се вложува. Мора да се признае дека има напредок во однос на артикулација на нивните потреби и задоволувања, но прашање е колку тоа организирано го правиме. Треба да се согласиме дека е непоходна поинтензивна грижа и порационален облик на поддршка на талентираните и надарените.“

Недостатокот од адекватна мотивација од општеството и инстутуциите се главни фактори за одлив на мозоци. За да се сопре тој тренд потребно е нашата земја да изготви Национална стратегија за откривање и работа со надарени и талентирани ученици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top