Moдуларната болницатќе се опреми со целокупна медицинска опрема. Паралелно со поставувањето на монтажниот објект се работи и на изградба на базна станица за снабдување на течен кислород на овој оддел и на интерно.
Поставена е модуларната болница во дворот на охридската Општа болница. Новата болница има површина од 1.000 м2 и 40 легла за пациенти. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата „МН-АС Констракшн“ од Струга, за реализирање на градежните активности. На просторот каде се поставуваат монтажните објекти претходно беше извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, се постави водоводна и канализациона мрежа и се спроведоа приклучоци за електрично напојување.
Опремена ќе биде според највисоки стандарди, информира директорот Горан Балевски. Со монтажниот објект се работи и проект за изградба базна станица за течен кислород.
„Паралелно ќе се работи на кислородна станица со течен кислород за да се задоволат потребите на болницата за идниот период.Тое е на иницијативата на Општа болница, а со поддршка на Градоначалникот и Општина Охрид кои ни излегоа во пресрет за да се направи со донација. Планираме по завршување на пандемијата во наредниот период тука да го преселиме Интерно одделение. Да пуштиме линии за течен кислород и кон Интерното одделение и за следните 50 години да го решиме проблемот на адекватен начин да се снабдува со кислород, а не како сега да носиме боци со кислоорд на одделението кое не поврзано на базната станица како хируршко одделение“.
Според проектот првата фаза за поставување на линијата за течен кислород би чинело околу 30.000 евра. Директорот Балевски се надева дека зафатот ќе биде готов напролет.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град