• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Последните анализи покажуваат дека има нарушување на квалитетот на површинските води на Охридското Езеро

Последните анализи покажуваат дека има нарушување на квалитетот на површинските води на Охридското Езеро

На мерните места каде што претходно водата била од прва класа сега е од втора. Оваа состојба е очекувана заради големиот наплив на туристи во градот и крајбрежјето. Некои од нив се несовесни и одлагаат се и сешто во канализациониот систем, со што се зачепува колекторскиот систем и има излевање на секундарната мрежа.

 |  Валентина Неловска  | 

Анализи од ЦЈЗ направени на површинските води на Охридското Езеро покажуваат дека во некои делови има нарушување на квалитетот на езерските води. На мерните места каде што претходно се испитувал квалитетот на водата примероците покажувале дека водата е од прва класа, а сега се од втора класа. Тоа се должи на напливот на туристи во Охрид и крајбржјето. Сведоци сме на голем број дефекти што ги имавме во овој период заради несовесното и неодговорно однесување на некои корисници на угостителските објекти и на апартманите во приватното сместување. На дел од пумпните станици од колекторот имаше дефекти и изливање на отпадните води заради најразличен отпаден материјал на кој не му е место во канализационата мрежа, информира Сашо Точков, директор на  ЦЈЗ.

Оптовареноста на колекторскиот систем и на канализациониот систем во одреден период околу празниците, на 1-ви август и следниот викенд доведе да има дефекти и деградација на квалитетот на водата во Охридското Езеро“.

Се забележува помало нарушување на квалитетот на речните води кои се влеваат во Охридското езеро, информира Точков. Во изминатиов период била забележана промена на квалитетот на водата на вливот на реката Грашница, во близина на стадионот, кај градска плажа.

„Тој дел не беше квалитетен за капење, сега водата е прочистена. Но, кога имавме најголема посетеноста од туристи и беше најоптоварен колекторскиот систем, во тој период имавме деградација на квалитетот на водата од трета класа. Останатиот дел на водата од охридско – струшкото крајбрежје е од прва и втора класа. Во јули имавме прва класа, а сега втора класа. Но водите од двете класи може да се користат за капање, спорт и рекреација“.

Ова лето, не се забележани отстапувања на квалитетот на водата за пиење.Испитуваните примероци на водата за пиење од градската мрежа и од јавните чешми е со добар квалитет, вклучувајчќи ги и Билјанини извори, информира Точков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top