Почна културната есен во Центарот за култура Григор Прличев

Со претставата „ Каде е пиштолот“ стартуваше репертоарот на  Охридскиот народен театар, а на крајот од октомври и почетокот на ноември ќе гостува театарот од Варна. Во кино салата ќе биде прикажан и актуелниот македонски документарен филм „Медената  земја“

 |  Валентина Неловска  | 

Со театарската престава „Каде е пиштолот “ старуваше есенската сезона во Центарот за култура Григор Прличев. Со детската претстава „Алиса во земјата на чудата“, охридските актери гостуваа и во Штип, на фестивалот за детска драма. Успешно преставување актерите имаа и на двата театарски фестивали во Скопје и Струмица. Актерот Стрезо Стаматоски и охридските актери од преставата Стаклена Менажерија беа забележани со актерската инвентивност и квалитет, а сега ќе продолжат со квалитетна игра и на матичната сцена, информира Горан Симоноски директор на Центарот за култура Григор Прличев. Охридската публика во претстојниот период ќе има можност да проследи и претстави од националниот театар од Бугарија.

„ Во месец октомври во втората половина од месецот или на почетокот од ноември ќе имаме гостување на националниот театар од Варна, Бугарија. Актери ќе гостуваат со три монодрами. Останува да ги до прецизираме термините на изведба за што дополнително ќе ја информираме театарската публика“, вели Симоноски. 

Покрај богатата понуда на театарскито репертоар љубителите на филмот ќе имаат можност да ја проследат и проекцијата на моментално најактуелниот македонски документарен филм , посочува Симоноски.

„ На 4 и 5 октомври ќе има проекција на македонскиот документарен филм Медената земја. Тој е наш годинешен кандидат за Оскар и е во трка за најдобрите европски документарни награди. Влезот ќе биде 100 денари“, вели Симоноски. 

Актерите од Народниот театар во месец октомври ќе ги даваат претставите Аналфабет, Балканска, Стакелна менажерија, Метод. Подготвуваат уште една премиера која ќе биде прикажана до крајот на оваа година.

.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top