Почина охриѓанецот Влатко Димитров македонски атлетски  селектор

Почина  охриѓанецот Влатко Димитров македонски атлетски  селектор.

 |  Валентина Неловска  | 
професор

Во 64 година од животот рано утрово, ненадејно, почина  професор Влатко Димитров, македонскиот атлетски селектор и претседател на атлетскиот клуб Охрид.
вдПрофесор Димитров беше еден од најуспешните  спортски работници во Охрид и долгогодишен претседател на АК Охрид. Со неговите исклучителни тренерски способности Охрид беше расадник на   врвни атлетичари. Димитров ќе остане запаметен како успешен спортски работник, предводник и тренер на атлетичарите на Олимпијадата во Пекинг, но и дел од организацијата на Охридскиот атлетски маратон. Во 4 децениската работа на АК Охрид тој даде несебичен придонес за клубот да триумфира со над 5  илјади медалји, 45 освоени екипни места и преку 60 трофејни  први места во младински категории.
Влатко Димитров за својот несебичен професионален ангажман  беше добитник на бројни општествени награди меѓу кои и Св Климентовата повелба во 2001 година.
Опелото и погребот  на професор Влатко Димитров ќе се извршат  утре на градските гробишта во Охрид во 13 часот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top