Пливачките школи започнаа со работа на пливалиштето кај малото пристаниште

Има помал интерес за школите за пливање во споредба со изминатите години. Тренерите по пливање ветуваат дека најпрофесионално со почитување на протоколите за заштита од пандемијата ќе ја одработаат и оваа сезона и нема да дозволат да замре пливачкиот спорт. 

 |  Валентина Неловска  | 

Започнаа со работа пливачките школи. Од утрово раздвижена и во спортски дух е атмосферата на отвореното пливалиште кај малото пристаниште. Младите пливачи под будното око на тренерите започнаа да ги совладуваат пливачките техники, а други пак кои тренираат подолго време продлжија со понапредни техники. Иво Коталески е еден од младите пливачи кој, вели, со радост чекал да почнат тренинзите по пливање.

„Пливав во базенот, а сега ќе пливам во езерото“,  вели Коталески , малиот вљубеник во пливачкиот спорт.

За безбедно одвивање на тренинизите по пливање се изготвени протоколи за заштита од пандемијата со Ковид 19. Според нив тренерите имаат изготвено листи на деца кој тренер ќе ги тренира, ќе им мерат температура, а еден тренер ќе работи со 5 деца. По излегување од вода ќе ги дезинфицираат и ќе се држи дистанца по напуштање на пливалиштето, а нема да се користат соблекувални за да нема мешање меѓу децата.

Тренерот по пливање, Миле Јовановски, од ПШ „Акваспирит“, информира дека се договорени пливачките термини со колегите од ПК „Охридски бранови 2008“. Имаме лимитирани услови за работа, но се трудиме да ги испочитуваме протоколите и ја следиме целата ситуација. Мораме да ги почитуваме за да го победиме невидливиот непријател, вели Јовановски.

„За разлика од други години оваа година има промена, работиме во помали групи со деца мора да запазиме одредена површина и дистанца од дете на дете. Така, ќе се сведе на индивидуална работа со дечињата“.

И тренерот по пливање,Катерина Стојаноска, од пливачкиот клуб Охридски бранови 2008, напоменува дека работата во поразлични услови и на поразлично место според пропишаните протоколи за заштита во услови на пандемија.

„Ние многу внимаваме не е исто како во нормални услови, се трудиме и ќе се привикнеме. Мора д апризнаеме дека интересот е помал од други години. Се плашат родителите но ние ќе се придржуваме допротоколите и ќе ја одработиме и оваа година како и претходните години. Работиме поделени во групи и во различни категории“.

Со оглед на тоа што ова сезона двата базени на СРЦ Билјанини извори нема да се во функција пливалиштето кај малото пристаниште е алтернативно решение и просторот е добар. Може да се надградува и со посериозен зафат да се направи одличен центар на вода , велат охридските тренери по пливање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top