Петрески му „честита“ на Бакрачески

„ Ако мислите дека овие избори беа демократски и ако ова не е пирова победа тогаш Ви честитам, а судот на времето ќе покаже дека ова е само почеток на нивниот крај“.

 |  Валентина Неловска  | 
petreski
Petreski

„ Ако мислите дека овие избори беа демократски и ако ова не е пирова победа тогаш Ви честитам, а судот на времето ќе покаже дека ова е само почеток на нивниот крај“.

Вака гласеше денешната честитка на градоначалникот на заминување, Александар Петрески,  упатена до неговиот против кандидат д-р Никола Бакрачески. Петрески им се заблагодари на сите граѓани кои на овие локални избори гласале за него, но и на оние граѓани кои гласале за опонентите доколку  тоа го сториле самоиницијативно. На останатите пак, им порача.

Petreski „ На сите други кои ги купија по различни основи, на оние што им издаваа лични карти, кои во саботата примија дел од платата во Емо, на оние кои им ги платија сметките за струја, кои гласаа со лажни гласачки ливчиња и бугарскиот воз, им порачувам наредниот месец пак  да го побараат  мојот против кандидат“.

Петрески се осврна и на пораките упатени за ревизија на неговото работење. 7 години работев под државна ревизија, разни инспекциски служби и полициските органи.  За разликата од 7000 гласови Петрески кажа дека лично  воопшто не е изненден од овој резултат. Оваа разлика ги изненади Бакрачески и партиските активисти, кажа Петрески.  Понатаму ќе продолжам во насока на зајакнување на партиските редови на општинската СДСМ  и подготовката  за наредните избори во септември, рече Петрески на денешната прес конференција.

{loadposition content9}
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top