Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца.
Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца. Сакаат бенефиција како и скопските колеги кои веќе една година, еднаш во неделата користат бесплатен градски превоз. Повеќето пензионери од руралните средини од Охрид и Дебрца се со ниски пензии и имаат реална потреба еднаш неделно да дојдат во градот на пазар, на доктор или да купат лекови. Во селата во Дебрца, како и во охридските, нема амбуланти и аптеки, а повеќето жители во своите средини купуваат само основни животни продукти. Од Здружението веќе покренале иницијатива за да се чуе оваа потреба на пезнионерите од руралните средини, кажува претседателот на Здружението на пезнионерите од Охрид и Дебрца, Ѓорги Трпчески.
Претседателот на Здружението за оваа тема побарал средба со охридскиот градоначалник Александар Петрески. Пред две недели врачиле и барање и надлежните служби до општината, да ја разгледаат оваа можност.
Од Локалната самоупрва потврдуваат дека добиле вакво барање од Здружението на пензионери. Информираат дека во тек е проценката за законските и финансиските можности на општината еднаш во неделата да им удоволи на пензионерите.
Од Здруженито веќе ја имаат подготвено и точната бројка на пензионири од руралните средини кои би користеле ваква бенифиција. Бесплатен превоз би користеле 2350 членови на Здруженито, и тоа,од околните охридски села бесплатно до градот би се возеле 1500 пензионери и 850 пензионери од селата во Дебрца. Во иднина доколку постои можност барањето за користење на превоз ќе се прошири и за пензионерите од приградските населби каде што има градски линиски превоз, укажува Трпчески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град