Педесетина охриѓани останале без велосипеди

Педесетина охридски велосипедисти останале без своите превозни средства на две тркала. Крадците се почесто посегнуваат по велосипедите. Од СВР Охрид тврдат не станува збор за организирани кражби туку сопственците недоволно се грижат за велосипедите по што стануваат лесна  мета на крадците.

 |  Валентина Неловска  | 

Од почетокот на оваа година до 25 октомври во СВР Охрид биле пријавени 47 кражби на велосипеди. Од оваа бројка 38 се гонат по приватна тужба, а останатите предмети се гонат по службена должност, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. По пријавите за кражбите СВР открила половина од украдените велосипеди и за нив поднесле соодветни пријави.

„Во Охрид нема регистрирано организирани групи кои вршат вакви казнени дела кражби на велосипеди туку инциденти кражби извршени во згодна пригода. Тоа значи граѓаните ги оставаат недоволно обезбедени или необезбедени и тоа е добра прилика за сторителите да ја искористат ситуацијата и бесправно да го одземат велосипeдот, “кажува Димоски.

Крадците се почесто крадат велосипеди остaвени на улица, од пред влезовите на зградите па дури се дрзнуваат да влезат и во подрумите. Полицијата сериозно пристапува кон пријавите за окривање на сторителите, подвлекува Димоски.

„Дел од пронајдените велосипеди се вратени, а дел се во судска постапка. Крадците се на различна возраст тоа е општата слика за профилот на крадците, т.е сторителите на казненото дело“, посочува Димоски.

Во изминатите години мета на крадците биле мобилни телефони и лаптоп компјутери. На мета на крадците сега се велосипеди, а од СВР Охрид апелираат сопствениците да бидат погрижливи во однос на чувањето на велосипедите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top