Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со официјалниот претставник на германската фондација „Конрад-Аденауер”, Даниел Браун и проект менаџерот во Македонија, Давор Пашоски.
Целта на средбата беше запознавање на германската делегација со тековните и планирани проекти на Локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува.
Заеднички беше заклучено дека средбата ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Охрид и Фондацијата „Конрад Аденауер“ преку заеднички активности кои ги промовираат демократските вредности, зaедништво и солидарност со цел градење на уште поубав и поразвиен град.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град