Патните правци во Охрид и охридско се проодни

Патните правци во Охрид и охридско се проодни.

 |  Валентина Неловска  | 

Проодни се сите патни правци во Охрид и охридско по првите снежни врнежи. Снегот кој наврна  синоќа достигна висина околу 20 цм. Сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, информира  Митко Темелкоски од регионалниот  Центар  за управување со кризи.  

„На ниеден патен правец локален и  магистрален нема прекин во сообраќајот. Нормално на планинските превои на Буково и Пресека има забрана за движење на тешки моторни возила. Екипите за зимско одржување како што се Охридски комуналец и другите избрани оператори навреме излегоа на сите патни правци, ги расчистија  и третираа со абразивни средства“, информира Темелкоски.

Во моментов се расчистува на поедини  високо планински населени места, а екипите постојано  работат на подобрување на условите за сообраќајот на патните правци и намалување на ризиците.

„Во Дебрца се чистат неколку планински села  Црвена Вода, Турие и Мраморец  и се надеваме дека до крајот на денот расчистувањето ќе е завршено“, информира Темелкоски.  

Во Охрид и околината нормално се одвива и снабдувањето со електричната енергија. Од регионалниот центар за управување со кризи апелираат граѓаните и студентите да се вклучат во расчистување на јавните површини  и пристапните патишта. Од УХМР за следните  денови не најавуваат нови снежни врнежи, туку само ниски температури, па потребно е граѓаните  да преземат мерки за заштита на луѓето, животните и материјалните добра, препорачуваат од центарот за управување со кризи. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top