Парична помош на средношколците од семејствата корисници на социјална парична помош

Парична помош на средношколците од семејствата  корисници на социјална парична помош.

 |  Валентина Неловска  | 

За редовните средношколци чии семејства се приматели на социјална постојана парична помош и на оние на кое тоа право им е во мирување има оглас за користење на условен паричен  надоместок во висина од 12.000 денари. Овие средства се доделуваат на семејства кои маат редовни средношколци. Тие во текот на школската година за да им се подобри  квалитетот на образованието добиваат финансиска поддршка.  Аплицирањето  започна  на 1 септември, а ќе трае до 31 март 2017 година. Досега се пријавиле 20 средношколци чии семејства примаат социјална парична помош, информира социјалнит работник Мира Врангалоска. Покрај овој услов средношколците се обврзани и на редовна настава, вели Врангалоска.

„Средните училишта ја внесуваат таа редовност. Доколку средношколците немаат следено 85 проценти од наставата тогаш нема исплата на паричниот износ за тој мерен период. Доколку, следниот мерен период има повторно над 80 проценти продолжува правото, не може да се скрати за сите мерни периоди, може да се скрати само за еден  мерен период, “напоменува Врангалоска.
Редовните ученици парите ги добиваат во четири квартали во износ од  по 3000 денари. Праксата покажува дека тие најчесто се дисциплинирани во посетата на школските центри каде што учат.
 
„Ретко,  нема кратење на исплатите. Скоро и да нема случаи каде што учениците прекинуваат со наставата во некое од средношолските центри по што би следело и  укинување на исплатата на одобрените парични средства. Правото престанува ако во меѓувреме престанала исплатата  на социјалната парична помош  во семејството .Ако престане исплатата во првиот мерен квартал условениот паричен надоместок за учениците престанува во наредниот мерен период, велат од Центарот.  

Минатата година по основ на условен паричен надоместок  за средношколци финансиски биле потпомогнати  80 средношколци. Оваа бројка во годините претходно  била променлива и се движела во просек околу 70 корисници, информираат од охридскиот Центар за социјални работи. Во изминатите 6 години колку што трае проектот финансиска парична помош добиле 500 средношколци.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top