Мар 28, 2014

Паркинзите повторно ги разбрануваа политичките страсти

На седницата на совет која е закажана за во вторник помеѓу точките на дневен ред се најде и „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“. Оваа точка се искористи како погоден терен за прибирање политички поени. Партиите од опозицијата обвинуваат дека за она за што пред две години се фрлало со дрва и камења по претходната Локална власт која ги дала паркинзите под концесија, сега го…

Апр 23, 2021

Белчишкото блато доби екотуристичка инфраструктура

Локалитетот Белчишко блато доби екотуристичка инфраструктура. Така во неговата околина изградена е набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци. Изградената екотуристичка инфраструктура на која работеше Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители. Изградбата на инфраструктурата е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, започна на…

Мар 28, 2014

Организирано раздвижување за охриѓани

Организирано раздвижување за охриѓани. Со возење велосипед, ролери и  пешачење утре  се организира   пролетно физичко  раздвижење за охриѓани. Општинската организација на Црвен крст Охрид со мотот Like za Bike ќе го поттикнува здравиот начин на живот кај охриѓани. Покрај бројните забавни, спортски и култруно забавни содржини може да се танцуваат самба и салса. Танцувањето е спорт и делува позитивно врз човековото здравје, вели Даниел Наумоски човекот кој се обидува во Охрид да го врати танцот во живот. За утрешната активност ангажирани се лица задолжени да ги размрдаат луѓето да танцуваат н…

Мар 28, 2014

Тешко се наоѓаат квалитетни туристички водичи

Туристичките агенции тешко доаѓаат до квалитетни водичи. Во нашата долгогодишна пракса ова се потврдува во последните години напоменува туристичкиот работник Елида Битрак од ТА „Елида турс“. Туристичкиот водич е првиот конаткт кој еден посетител го воспоставува со една земја. Затоа тој треба да биде добар презентер на еден град и земја, со познавање на повеќе странски јазици, историја и културно- историските споменици, а треба да биде и добар аниматор за секој посетител, вели Битрак. „ Можам да кажам декае мал бројот на туристички водичи кои достојно со познавање на повеќе странски  јазици,…

Мар 28, 2014

Волкот и 7 те јариња повторно пред младите охриѓанчиња

Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 12 часот ќе се прикажува детската балетска претстава „Волкот и 7 те јарина“. Директорката, Драгана Боцеска, потсетува дека оваа претстава премиерно била изведена на крај од 2013 година, и од тогаш па досега не престанувал интересот на помладата публика за нејзино репризно прикажување. Боцеска категорична дека Центарот за култура ја негува младата популација со тоа што ја упатуваат во тајните на уметноста, посебно во балетот.„Интересно е тоа што во оваа претстава учествуваат деца од 4 до 15 годишна возраст. Вклучени се околу 40 сетина деца кои …

Мар 28, 2014

„LIKE ZA BIKE”

Под мотото “LIKE ZA BIKE”, Црвениот Крст од Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност, со цел одржување на здрави животни навики и подобрување на својата здравствена состојба и физичка кондиција.Во таа насока Црвениот Крст ги повикува сите оние кои сакаат да поминат еден прекрасен ден во пешачење, возење велосипед, ролање, конзумирање на здрава храна, утре сабота 29.03.2014-та година во 11 часот да дојдат пред платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид каде организирано ќе се тргне по патеката кра…

Мар 28, 2014

Паркинзите во Охрид ќе имаат нов систем за наплата

ЈП„Биљанини извори“ во партнерство со приватен субјект,ќе имплементираат електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори. Политичките субјекти реагираат.На седницата на Советот на општината закажана за овој вторник, на дневен ред ќе се наде точката поврзана за стопанисувањето со паркинг просторите во градов. Советот ќе треба да гласа за донесување на Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и …

Мар 27, 2014

Оштетената скулптура јагула отстранета од досегашната локација

Оштетената скулптура јагула отстранета од досегашната локација. Нејзиниот донатор Зоре Темелкоски е непријатно изненаден од уништувањето на скулптрурата и од негрижата на градот кон  ова ументичко дело. Македонија е библиска земја и секогаш имала уметници , но и донатори кои оставале белег на своето време. Така и јас ја поддржав иницијативата на уметникот од Охрид, како лојални граѓани кон Охрид како цивилизациски град, напоменува Темелкоски. Со структурите во Охрид, градоначалникот и луѓето кои ја водат култрурата, ги потпишавме сите договори за изработка на најдолгата скулптура во светот …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top