Оштетената скулптура јагула отстранета од досегашната локација

Оштетената скулптура јагула отстранета од досегашната локација.

 |  Валентина Неловска  | 
jagula
jagula

Оштетената скулптура јагула отстранета од досегашната локација. Нејзиниот донатор Зоре Темелкоски е непријатно изненаден од уништувањето на скулптрурата и од негрижата на градот кон  ова ументичко дело. Македонија е библиска земја и секогаш имала уметници , но и донатори кои оставале белег на своето време. Така и јас ја поддржав иницијативата на уметникот од Охрид, како лојални граѓани кон Охрид како цивилизациски град, напоменува Темелкоски. Со структурите во Охрид, градоначалникот и луѓето кои ја водат култрурата, ги потпишавме сите договори за изработка на најдолгата скулптура во светот , укажува донаторот Темелкоски.
 jagula
„  Сето тоа се заврши комплетно. Нема да зборуваме за тоа колку труд се изгуби и пари, тие се небитни во постапката за еден варварски чин кој се случува во Охрид. Тоа е нормално во  ова време на транзиција секој да гради свое мислење и своја моќ иако не припаѓа во средината на уметниците. Без да ги консултира изработувачите кои вложиле една година труд и без да се најде соодветно место, се уништува нешто за кое имаше ставено табла, свечено пуштање и има фотографии.“

Портпаролот на Локалната  самоуправа  Томе Џамтоски потврдува дека делто е подарено на општина Охрид. Но за негрижата на градот кон скулптурата оправдување има со непостоење на  официјален документ за нејзино предавање во сопственост.
jagula
„ Постои документ но со повелбата треба да одат и други пропратни докумнети со кои облигациски општинаат Охрид ќе е обврзана да се грижи за уметничкото дело. Останува дека се било направено на даден збор, но ние немаме документ дека општина Охрид го прима како подарок и ќе се грижи за него во иднина.“    

На нашето прашање дали сегашната  општинска власт има намера тој пропуст да го исправи и да се зачува  уметничкото дело, Џамтоски кажа, општината нема да има негаторски однос кон  делото.

„ Немаме јасен документ но како Локална самоупрва овој случај ќе го изанализираме и ќе најдеме начин ова уменичко дело да биде сведоштво за едно време, 50 години од јубилејот Охридско лето. Нема лесно да се откажеме од ова дело и од трудот на уметникот.“

Патот на јагулата од завршувањето на изложбата до денес е мошне трновит. Создадена и изложена на  јубилејот 5 децении постоење на Охридско лето, подарена на градот, една година беше складирана во  градските гробишта. На 12 јули 2010 година беше поставена на просторот кај плажата Куба Либре. Оштетена па потоа  репарирана беше пред една година. Зимава таа  претрпи нови вандалски оштетувања со кои го нагрдуваше просторот. Сопственикот на објектот Куба Либре стапил во контакт со општината и добил одговор дека тие не се надлежни за нејзино одржување. Искршената скулптура  ја загрозувала безбедноста  на шетачите со мали деца.  Решил да ја острани и на некој начин заштити од понатамошна нејзина деградација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top