Апр 1, 2014

ОУ „Христо Узунов“ и „Кочо Рацин“ успешни на конкурсот „Македонија – земја на цвеќето, земја на розите“

Во рамки на акцијата „Македонија – земја на цвеќето, земја на розите“ која се одржа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а поддржана од Влада на Република Македонија, општина Охрид зеде активно учество и успешно ја спроведе акцијата преку нејзино организирање и спроведување на креативни активности во основните училишта. По тој повод основните училишта зедоа учество на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“. Меѓу најуспешните на конкурсот беа ОУ „Христо Узунов“ и ОУ „Кочо Рацин“.ОУ „…

Мар 31, 2014

Државниот архив-ризница која го чува сето културно пишано наследство

Се зголемува културната и општествената свест кај луѓето за Државниот архив, смета Никола Митровиќ, историчар и инспектор архивист при Државниот архив на Република Македонија. Вели дека 1ви Април  луѓето веќе не го препознаваат само како Денот на шегата, туку и како Денот на државниот архив. Овој значаен датум за сите архивисти од земјава, Митровиќ вели дека се одбележува на еден поинаков начин, најчесто со издавање на зборници, прикажување на историски изложби. Според него, Државниот архив на Македонија е една институција која има огромно значење не само за граѓаните на оваа земја, туку и …

Мар 31, 2014

Кои се најчестите проблеми во мускулно-скелетниот систем кај охриѓани?

Согласно возраста, карактеристични проблеми во мускулно-скелетниот систем кај охриѓани. Современиот начин на живот си носи специфични проблеми. За помладите охриѓани најсериозни последици предизвикуваат бројните обврски и долгите часови поминати во своите училишта и пред компјутер, додека пак кај постарите охриѓани главен фактор за појава на проблемите во мускулно-скелетниот систем покрај работењето во седечка положба е и слабата физичка активност која ја намалува способноста на мускулите да го држат телото во текот на денот.„Тие се соочуваат со проблеми и деформитети на рбетниот столб. Веќ…

Мар 31, 2014

Галичица се попривлечна за посетителите

Галичица се попривлечна за посетителите. Нивниот број во последниот период е во пораст за 5 до 10%.  На главните влезови во националниот парк поставени се дигитални бројачи кои ги евидентираат возилата, пешаците, велосипедистите. Во тек е обработување на податоците за минатата година. -Секојдневно пристигнуваат барања за групна или индивидуална посета на паркот. Паркот стана препознатлива туристичка понуда. Ги обележавме и пешачките патеки во должина од 50 километри кои се наменети за пешачење од неколку категории, вели Номче Новески-ЈУНП „Галичица“.Природните убавини во националниот парк Г…

Мар 31, 2014

Субвенции за приватните станоиздавачи од мал обем

Субвенции ќе добиваат приватните станоиздавачи од мал обем. Во регистaрот на Тлер  има околу 2100 регистрирани станоиздавачи. Со Правилникот за нивно  субвенционирање Локалната самоуправа ќе ги стимулира сите редовни плаќачи на туристичка такса, информира Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.„ Со оваа активност сите регистрирани даватели на услуги од мал обем кои редовно плаќаат туристичка такса, 2 пати во годината, на 6 месеци, ќе можат да  аплицираат за субвенциите на дел од туристичката такса. Предложено е субвенционирањето да изнесува 50 посто од уплатената туристичка такса. Поволноста со  стимулирањ…

Мар 31, 2014

Кој ги уништува клупите во градов

  Настрадаа клупите во стариот дел од градот. Патниците намерници нема каде да седнат да се одморат зошто од клупите останата е само металната конструкција. На ваквиот вандалски чин посебно реагираат повозрасните бидејќи после напорното искачување по варошките стрмни улички, клупите им беа благословено место за починка.-Јас кривицата за ваквата појава прво би ја нашла во родителите, а после во децата. Многупати родителите гледаат како нивното дете прави штета и воопшто не реагираат. Значи прво треба да се развие свеста кај возрасните, вели една револтирана граѓанка.Од Локалната велат дека з…

Апр 23, 2021

Започна реализацијата на проектот „Да читаме, раскажуваме и да откриваме нови светови“

Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право охридската градска библиотека и Здружението за промоција на култура, спорт и образование „Младински културно образовен центар Соната“ од Охрид започнаа со реализацијата на проектот „Да читаме, раскажуваме и да откриваме нови светови“. Целта на проектот е популаризацијат на читањето книги, автори и читањето меѓу младите, но и меѓу сите вљубеници во литературата, велат потписниците на Меморандумот. Првиот ден од проектот го добележа настанот „Годината на Конески“, за кој имало голем интерес, вели еден координаторите на прое…

Мар 31, 2014

Поднесени конечните кандидатски листи за пратеници за предвремените парламентарни избори

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Охрид имаат по тројца кандидати. Од ВМРО-Народна како и од Граѓанската опција за Македонија имаме и носители на листа во петтата изборна единица. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од Охрид, дури тројца кандидати. Највиско на листата во петта изборна единица, на четвртото место, е Д-р. Сашо Василески, додека на деветто место е Александар Николовски пратеник во последниот собраниски состав. Актуелниот директор на Општата болница од Охрид, Љубен Арнаудов се наоѓа на шеснаесеттата позиција. Слична состојбата на кандидатската листа од најголемата опозициона партија СДСМ. Од Охрид…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top