Од ВМРО НП потсетија дека пред само неколку години од ДПМНЕ со дрвја и камења фрлале по минатата локална власт поради претераната урбанизација, а сега оваа локална го прави истото. Потсетија и за долгот на општината од околу 30 мил евра кој секојдневно расте, но исто така потсетија дека тој долг не е направен само во времето кога градоначалник беше од редовите на СДСМ, туку дека 4милиони евра од тој долг биле направени за спроведување на проектот за водоснабдување во времето кога градоначалник бил од редовите на ВМРО ДПМНЕ како и за проектот за изградба на колекторот за што на ГП “ Гранит“…
„Власта не стимулира толеранција и доверба, туку раздор и поделено општество“-обвинија од СДСМ на денешната прес конференција.
Тие сметаат дека власта спроведува модел од кој профитира мала група на луѓе, која работи спротивно на интересите на државата и граѓаните. Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ, Мишел Силјаноски, вели дека власта е невешта во водењето на надворешната политика поради која, според него, се создаваат проблеми со соседните држави. Во рамките на надворешната политика, Силјаноски се осврна и на Самитот на претседателите кој според СДСМ пропаднал поради некадарното во…
Се почеста е појавата станоиздавачи и туристички водичи да го кршат законот за туристичка дејност, посочуваат засегнатите туристички работници. Туристичките агенции кои поседуваат лиценца А се соочуваат со нелојална конкуренција, укажува Елида Битрак од агенцијата Елида турс. „Со голем број на нелојални станоиздавачи и туристички водичи, голем број од нив директно контактираат со други странски агенции надвор од државаат и прават аранжмани што не е во ред. На тоа треба да се стави крај“, смета Битрак.Туристичките агенции кои поседуваат лиценца А како организатори за патување мора да испол…
Филмот „Нулта Теорема“ („The Zero Theorem“ ), наредната седмица на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Филмот на кино репертоарот,ќе се најде на 29-ти и 30 април и на 2-ри и 3-ти мај 2014 година, со почеток во 20 часот.цената на лезниците за филмот е симболични 50 денари.Станува збор за синеастичка визија на британскиот режисер Тери Гилијам или сторија за еден ексцентричен компјутерски гениј, кој живее во корпоративниот свет на Џорџ Орвел и се обидува да ја најде смислата на животот. Насловот на филмот е, всушност, наслов на една математичка формула со помош …
На 22.04.2014 година,(вторник), во клубот на пензионерите во Охрид, директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова ќе одржи работилница наменета за едукација на пензионерите, во однос на нивните права од здравствено осигурување,како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда, Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија. Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за правата од здравстве…
Во селото Велгошти по традиција на најголемиот христијански празник – Велигден се одржуваат две спортски игри: натпреварот во коњички трки и влечењето со јаже меѓу мештаните од горното и долното селски мало.Илија Крлески беше победникот во коњичките трки, при што на тројцата најдобро пласирани натпреварувачи градоначалникот Бакрачески им ги врачи пехарите и симболичните парични награди.Во влечењето со јаже поголема среќа имаа натпреварувачите од горното мало кои како победници на трката беа наградени со живо јагне и буренце со вино.Со намера овие две традиционални спортски игри во Ве…
Во општина Охрид е формиран Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори, информираат од одборот.Додаваат дека мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „Охрид пред СЕ’“, а основна цел на Иницијативниот одбор е подготовка на граѓанска листа составена од професионалци, работливи, чесни и слободоумни охриѓани кои ќе го преземат управувањето со Советот на општината и ќе го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми.„Ги повикуваме сите граѓани …
ВМРО Народна партија како дел од својата изборна програма најави економски раст и развој на југозападниот регион на Република Македонија. Според кандидатот за пратеник од Народна, Владо Цветкоски, токму регионот во кој спаѓа и нашиот град е еден од најсиромашните региони во земјава. Цветкоски смета дека овој регион има најголема невработеност, најлоша патна инфраструктура и најмалку инвестиции во последните 8 години. Тој потенцираше дека пратениците од ВМРО Народна партија ќе се залагаат за развој на индистријата, земјоделието со сточарството и туризмот. Според Народна, за да се поттикне ин…