„The Zero Theorem“ на кино репертоарот во Охрид

Филмот „Нулта Теорема“ („The Zero Theorem“ ), наредната седмица на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
zero theorem
нулта тоерема

Филмот „Нулта Теорема“ („The Zero Theorem“ ), наредната седмица на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

научникФилмот на  кино репертоарот,ќе се најде на 29-ти и 30 април и на 2-ри и 3-ти мај 2014 година, со почеток во 20 часот.цената на лезниците за филмот е симболични 50 денари.

Станува збор за синеастичка визија на британскиот режисер Тери Гилијам или сторија за еден ексцентричен компјутерски гениј, кој живее во корпоративниот свет на Џорџ Орвел и се обидува да ја најде смислата на животот.
Насловот на филмот е, всушност, наслов на една математичка формула со помош на која тој сака да ги открие „тајните“ на живеењето. Тој само еднаш имал можност да ја доживее моќта на љубовта и она што го преокупира е прашањето зошто луѓето постојат.
Во филмот играат актерите Кристоф Валц, Дејвид Тевлис, Мелани Тиери, Лукас Хедгес, Мет Дејмон и други.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top